На денешната пресконференција, премиерот Никола Груевски посочи дека владеачката партија на СДСМ и има понудено над 70 конкретни формулации во кои имаше доволно простор за СДСМ да не се најде усрамена.Груевски и покрај одбиените два предлога од страна на опозицијата, денес излезе со нов предлог. Тој на СДСМ јавно им предложи нов предлог со што ги повика да си напишат нивен извештеј за ад хок комисијата, со нивни правни квалификации, а дека тие по цена на сопствена штета ќе го потпишат каков и да е.
„Ако ним не им е важен интересот на Македонија, нам ни е важен. Се разбира дека за нас и за најголемиот дел од граѓаните во Македонија, тие правни квалификации нема да се ниту валидни, ниту ние се согласуваме со нив, но во интерес на државата, како партија со најголема доверба од народот, и најбројна по членство во државата, и партија која неслучајно 7 пати по ред ја добива довербата на мнозинството граѓани, ќе подметнеме грб, и се ќе изгласаме и се ќе им потпишеме. Ако неможат да се израдуваат на изборен резултат, нека се радуваат барем на овој извештај, на кого никој нема да му верува во делот на правните квалификации“, изјави Груевски.
Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш во преден план го има интересот на Македонија и дека по ниедна цена нема намера тоа да го промени.Груевски и покрај одбиените два предлога од страна на опозицијата, денес излезе со нов предлог. Тој на СДСМ јавно им предложи нов предлог со