Премиерот Никола Груевски денеска им додели плакети на носителите на титулата амбасадор на спортот на Република Македонија- Лазаров, Дончевски, Миленковски и Ибраими.Огромна чест ми е, лично како долгогодишен репрезентативец на Македонија, веќе повеќе од една ипол деценија го носам националниот дрес со големо задоволство. Покрај националниот дрес, мислам дека достојно ја претставувам Македонија и надвор од нашата земја. Сакам да се заблагодарам не премиерот за оваа укажана доверба и ќе пробаме и во иднина како спортски амбасадори, како во нашата така и надвор од нашата земја да ја презентираме Македонија во најдобро светло и да допринесеме со нашето искуство кое го имаме стекнато сите овие години и после активната кариера да го подобриме квалитетот на нашиот спорт, бидејќи Македонија е спортска нација, македонскиот народ единствено може да го сполти македонскиот спорт, а ние како избрани ќе пробаме во уште поголеми размери да ја презентираме нашата земја во најдобро светло, истакна Кирил Лазаров, најуспешен македонски ракометар.
-Ова е големо задоволство да се биде тука, чест ми е да го добијам ова признание. Се надевам и верувам дека и во иднина ќе дадем се од себа да ја презентирам Македонија во најдобро светло, рече еден од најдобрите македонски фудбалери, член на националниот тим во фудбал Агим Ибраими.Огромна чест ми е, лично како долгогодишен репрезентативец на Македонија, веќе повеќе од една ипол деценија го носам националниот дрес со гол