Груевски: Интересот на Македонија ми е на прво место

Одлучив засега да не се враќам на таа позиција бидејќи не сакам да оставам впечаток дека потезите што ги влечам се само во правец да постигнам некоја лична цел или позиција. Сакам да покажам и дека може да се функционира и поинаку, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на прашањето за негово повторно враќање на премиерското место во Владата.Во новото продолжение од мегаинтервјуто на Телеграф.мк со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе читате за тоа зошто не се врати на позицијата претседател на Владата, дали се планира и освежување во тимот, како и за приоритетите во идниот период и други актуелни теми.
Т: Зошто не се вративте на позицијата претседател на Владата?
– За мене интересите на Македонија се на прво место. Се  согласив на несвојствен договор за мнозинството од европските земји, 100 дена пред избори да се повлечам од позицијата претседател на Влада. Јас зборот го одржав, и мојата обврска џентлменски ја испочитував. За жал, другите страни, пред сè СДСМ, не ги испочитува своите обврски и избега од избори.
Одлучив засега да не се враќам на таа позиција бидејќи не сакам да оставам впечаток дека потезите што ги влечам се само во правец да постигнам некоја лична цел или позиција. Сакам да покажам и дека може да се функционира и поинаку, а пак да се биде успешен и многу корисен.
Ако се вратев сега на функцијата, многумина ќе помислеа дека можеби ја внесувам земјата во некаков ризик за да бидам премиер. Мене тоа не ми е приоритет. Мене приоритет секогаш ми бил заедничкиот успех како партиски, така и државен. Ако ова придонесе и малку да се намалат тензиите во општеството, тоа ќе е уште подобро.
Политичарот вреди толку колку што проблеми ќе реши
Од друга страна, можеби ова ќе ми помогне малку повеќе да се посветам на партиските активности и подобро ќе ја подготвам за следните избори. Во секој случај,  како претседател на партијата кој ја побара и доби поддршката на граѓаните на изборите, јас сум свесен за својата одговорност во однос на работењето на владата,  и тој дел сигурно внимателно ќе го следам и ќе го помагам.
Мене ми е јасно дека народот на избори довербата ја дава на партијата и на нејзиниот лидер, а не на владата. И отчетот и одговорноста ја бара од партијата и од првиот човек кому му доверил доверба. И од тоа нема бегање.
Затоа, јас ќе продолжам да бидам на терен, сега со уште позасилено темпо. Да се среќавам со луѓето, да разговарам и да помагам. Политичарот вреди онолку колку што проблеми ќе реши. Народот не го интересираат насилни сценарија и демагогија, туку реални проекти и чекори што значат решавање на неговите реални проблеми.

Јас никогаш не сум се ставал себеси на прво место. Да беше така, веројатно ќе работев нешто друго и ќе имав далеку помирен и поубав живот. За мене државата и граѓаните на Македонија се на прво место. На следните избори, без разлика дали ќе се одржат во редовниот термин во 2018 година или предвремени, доколку сите партии се усогласат околу термин на кој со сигурност сите би учествувале, тие ќе одлучат кој каде треба да биде. Јас и партијата што ја водам сме спремни за тоа соочување со нив. Да кажеме што сме направиле и што можеме да направиме во иднина, па тие нека ценат.
Т: До кога планирате вака да функционирате. Ќе има ли некоја реконструкција, освежување?
– Приоритет е да се надмине кризата и да се решат проблемите, а земјата да оди напред. Второстепено е од која позиција ќе се борам за тоа.
Освежување во Владата во редовите на ВМРО-ДПМНЕ има смисла ако изборите не се случат за брзо време. Ако оние што ќе дојдат имаат доволно време да се покажат и да се претстават пред да дојдат изборите. Ако изборите се за брзо време, тогаш освежувањето ќе биде по изборите. Ќе видиме. Имаме ситуација кога СДСМ вели дека сака брзи избори, а всушност не сака брзи избори бидејќи знае дека ќе ги загуби.
За таа цел, за пролонгирање на изборите, користи разни изговори од типот избирачки листи и слично. И тоа им е јасно на сите, па и на меѓународниот фактор, иако јавно никогаш нема да го кажат тоа. Значи, ем не сакаат да одат на избори ем сакаат да се дел од владата, како да победиле на избори. А ако не се, се закануваат дека ќе правеле проблеми, кои проблеми во крајна линија се проблеми на државата и на народот. И пак поради тоа дополнително ќе губат. Само нека тераат вака. Партиски гледано ни одговара.
Т: Но не е добро за земјата. Затоа, дали размислувате да имате некаков процес на инклузивност на опозицијата, која освен што ќе покаже повисок демократски капацитет како партијата, ќе придонесе кон смирување на тензиите?
– Ние сме отворени за инклузивност и сакаме опозицијата да е вклучена во сите поважни процеси. Сепак, се покажа во последниот обид, кога ги внесовме во Владата, дека тие тоа го злоупотребија.
Наместо да работат заеднички со нас, кон заедничките цели за земјата, наместо нивните претставници да покажат уште поголем интерес за решавањето на проблемите на граѓаните и спроведување проекти корисни за народот и за државата, наместо ова да го видат како шанса да се истакнат со работа и со резултати, нивните претставници во Владата ги злоупотребија позициите до максимум за кочење на процесите, реформите, подготовките за избори и сè што можеше да се закочи, се закочи.

На 100 дена пред избори ќе им ги овозможиме привилегиите од пржинскиот договор
Многу деструктивно однесување, и колку и да е на нивна штета, сепак е и на штета на народот и на државата. Затоа, сега одлучивме да ја вратиме коалицијата ВМРО-ДПМНЕ -ДУИ, а секако пред наредните избори кога и да се, ќе постапиме согласно законите и скопскиот договор од јуни-јули 2015 и на 100 дена пред изборите ќе им ги овозможиме сите привилегии согласно тој договор и закон.
Целта на тој договор и закон беше да се чувствуваат покомотно во изборниот процес, во смисла дека имаат увид на изборните процесите одблиску. Но погледнете каква лакрдија направија од сето тоа, каква дисфункционална влада направија. Сè закочија и на крајот и ги користеа институциите за да ја спречуваат подготовката на изборите, со цел да се задоцни и да се одложат. Тоа главно го правеа преку МВР, чиј министер правеше максимум да ја закочи работата на ДИК.
Т: Кои ќе бидат приоритетите на Владата до следните избори кога СДСМ ќе се согласи?
– Доколку се добие доволно време пред следните избори, приоритетите ќе бидат реформите.
Додека СДСМ не објави дека списокот е целосно прочистен и додека се занимаваат и бараат изговор во тоа, затоа што списокот е одамна прочистен, ние, како што кажав, треба да се посветиме на исполнување на реформите, кои се приоритет во извештаите на ЕУ и, секако, исполнување на ветените работи кон граѓаните.
Информиран сум дека институциите на државата веќе во изминатите денови засилено работат на подготовка на различни акти, измени или нови закони, во насока на исполнување на итните реформски приоритети од повеќе области, тргнувајќи од безбедносната област, судската, антикорупциската, медиумската и други.
Активен дијалог и со опозицијата за реформските приоритети
Идејата е набрзо, во наредните неколку недели да ги завршат како предлог-закони или одлуки и потоа да се споделат со претставниците на Европската комисија и со опозициските партии, со кои би сакале да имаме дијалог, размена на аргументи и нивна целосна вклученост, но и консултации за некои од нив со други меѓународни експертски тела.
Но покрај ова се работи и на активности со кои ќе се зајакне спроведувањето на веќе донесените закони и одлуки, кои се оценети како добри, но нивната имплементација не е оценета како доволна.
Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ останува земјата да влезе во НАТО и во ЕУ и да ги надмине сите препреки. Ќе се работи напорно и на тоа.
Ние во земјата кај мнозинството граѓани имаме силна репутација на партија и тим кои држат до дадениот збор и ветување и ги исполнуваат ветувањата. И таа репутација ни е заслужена. Со работа, со резултати, со исполнувања на ветувањата, со решавање проблеми за кои често не сме дале ветувања, со почит кон народот, со борбата против криминалот и корупцијата, како никој досега, со зајакнување на државата и демократијата во секој поглед.  И тоа во голема мерка нè прави различни и поприфатливи од СДСМ кај гласачите. Тоа мора да го задржиме и да го зајакнеме.
Потребно е да ја подобриме перцепцијата и надвор, која  се наруши не само со „бомбите“, туку и со огромната пропаганда против нас, која ја правеа сите оние што се наши противници. Можеби ние недоволно обрнувавме внимание на тоа, и тоа е еден од нашите пропусти.
Веројатно заедно и со некои наши реални грешки и пропусти, за кои во поголем дел не сме биле ни свесни, огромната работа на нашите опоненти и противници, резултираше дома да имаме многу подобра перцепција отколку надвор, барем на некои адреси што ни се важни.
Но со работа и посветеност на сите ќе им ги покажеме нашите вистински вредности, и дома на оние што сè уште не ги препознале и надвор кај оние што имаат погрешна, лоша перцепција за нас. Освен на оние на што им пречиме, што и да правиме. Им пречиме затоа што постоиме. Секогаш има и такви, нели.
T: Дали во поглед на надворешното претставување сте задоволен од актуелниот министер за надворешни работи?
– Би рекол и повеќе од  задоволен. Попоски крајно професионално и со сите сили и капацитети во изминатите пет години работеше за Македонија на сите полиња на надворешен план. Тој е млад човек кој си ги сака државата и народот, многу е динамичен, со брза и јасна мисла, со висок капацитет и високи вредносни критериуми и интегритет, квалитетно образование и мошне големо искуство.
Сепак, потребно е сите во Владата и сите политички партии да придонесат уште повеќе за подобрувањето и унапредувањето на имиџот на Македонија надвор.
Т: Дали се точни шпекулациите дека сте нуделе аболицираните да се спасат со тоа што нема да бидат повеќе во политика, понатаму дека сте се согласиле за федерализација на земјата, па дека сте се согласиле за прифаќање на грчките ставови за името?
– Ништо од ова не е точно и е производ на пропагандната кујна на СДСМ. Ние кон сè приоѓаме рационално и со ладна глава, носени од нашите цели, идеологија, чесен однос кон граѓаните и дадени ветувања. Државата ни е пред сè. А државата е народот.
Т: На крај сосема кусо, дали во овој период, еве да речеме оваа година, имаше какви било преговори за името?
– Не. Немаше такви преговори. Добро е да ги има и да се најде решение, но во овој период немаше.Во новото продолжение од мегаинтервјуто на 

Пронајдете не на следниве мрежи: