Груевски: Инвестицијата на Џонсон контролс во Струмица ќе овозможи најмалку 2.500 вработувања

Отворањето на капацитетите на Џонсон контролс е одлична инвестиција за која долго време работевме да го убедиме инвеститорот да дојде токму во Струмица бидејќи во градот немаше поголем странски инвеститор кој би апсорбирал поголем број од невработената работна сила. Отворањето на нивниот објект е одлична можност многу од луѓето кои се невработени да си го решат својот проблем, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешната посета на Струмица.– Нашата намера не е да застанеме само со оваа инвестиција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ не е задоволна само со една крупна инвестиција во Струмица, туку и понатаму ќе работиме да убедиме и други странски компании да дојдат овде и да инвестираат и да отворат нови работни места во Струмица и во струмичкиот крај, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање. 
Нагласи дека на тој начин невработеноста во Струмичко дополнително ќе се намали и додаде дека во последниве 10 години во Струмица се отворени над 5.300 нови работни места од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
– Тоа е добар податок кој покажува дека се оди во добра насока и дека расте вработеноста. Минатото лето токму од Струмица најавив дека Џонсон контролс планира да отвори објект во Струмица. Во меѓувреме добро се одвиваа работите и покрај одредени проблеми со коишто се соочувавме, сепак се успеа да се склучат договорите со Џонсон контролс на време и компанијата да започне со производство во бранунфилд инвестиција во Струмица, изјави Груевски по денешната посета на Струмица.
Нагласи дека Џонсон контролс во средата започна со пробно производство и дека се вработени 300 луѓе во компанијата.
– До крајот на годината Џонсон контролс планира вработување на уште 150 работници, а вкупниот број на вработени ќе достигне околу 1.500. Следниот месец Џонсон контролс ќе започне со изградбата на гринфилд објектот во ТИРЗ Струмица, која Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја гради и во рок од една година треба да биде завршен нивниот нов објект. Потоа сите вработени ќе се префрлат таму и ќе се докомплетира до планираните 1.500 вработени, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека постои можност дел од вработените да останат и во сегашниот  браунфилд објект.
– Од искуство можам да кажам дека компании од ваков вид многу често одат и над проектираната бројка на вработени. Таков е случајот во Штип и во Скопје каде имаше проектирано 1.427 вработувања, а бројките отидоа за неколку стотици повеќе до 1.700, 1.800 и повеќе, рече Груевски.
Оваа компанија, додаде, како и повеќето други странски компании овозможуваат нови работни места и во други домашни компании кои стануваат нивни партнери и добавувачи на разни делови или нудат услуги за нив.
– Очекувам бројката на новоотворени работни места од оваа инвестиција во Струмица да биде значително поголема од бројот којшто ќе биде вработен во компанијата, што е проектиран за 1.500 луѓе, а праксата покажува дека оди за неколку стотини повеќе и можеби ќе достигне и до 2.000. Заедно со индиректните вработувања од домашните компании можеби ќе отиде и до 2.500 или повеќе, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски.– Нашата намера не е да застанеме само со оваа инвестиција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ не е задоволна само со една крупна инвестиција во Струмица,

Пронајдете не на следниве мрежи: