Груевски: Искористеноста на бесплатниот превоз е огромна

Искористеноста на бесплатниот автобуски превоз е огромна, дури и повеќе од очекуваното. Од она што го имаме како информација, минатиот месец 25.000 студенти го користеле бесплатниот автобуски превоз што е заштеда за нив околу 42.000 евра. Тие пари остануваат во нивниот џеб и во џебот на нивните родители, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.-Работите се одвиваат одлично, тоа беше дел од нашата програма за 40 мерки зла младите луѓе во Р. Македонија и најголем дел од тие мерки ние ги реализиравме уште пред да дојдат изборите. Овој проект го најавивме во декември 2015 година и веднаш го спроведовме. Проектот го води Градот Скопје , со помош на Владата на Р. Македонија.  Дел од средствата  кои што ги губи јавното претпријатие,  Владата му ги рефундира. Неодамна бев информиран дека добиле неколку милиони евра како надокнада од страна на Владата за градот. Се разбира и градот Скопје учествува во финансирањето на овој проект. Со заеднички напор и труд се овозможи сите студенти во Скопје бесплатен автобуски превоз во градот, рече Груевски.
Тој истакна дека бесплатен превоз за студентите веќе станува тренд и него започнале да го копираат и другите градови, посочувајки го Прилеп.
-25.000 студенти веќе заборавија како е да плаќаат за градски автобуски превоз. Ако во декември 2015 на некој тоа му изгледаше невозможно, а во јануари и февруари 2016  беа збунети  и пријатно изненадени, сега веќе студентите се толку навикнати што добар дел од нив веројатно и заборавија до пред година и пол плаќаа автобуски превоз тие, односно нивните родители, додаде Груевски.
-Работите се одвиваат одлично, тоа беше дел од нашата програма за 40 мерки зла младите луѓе во Р. Македонија и најголем дел од тие мерки ние ги реа

Пронајдете не на следниве мрежи: