Груевски испрати телеграма со сочувство до Меркел: Смртта на поранешниот Канцелар Кол е голема загуба

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски испрати телеграма со сочувство до Канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел.Со жалење и тага ја примив веста за смртта на поранешниот германски Канцелар Хелмут Кол.
Ова преставува загуба за целиот германски народ и за германската држава, како и загуба за Европската Унија во чија изградба и раст се вгради со своето дејствување и работа.
Кол беше промотор на ширење на европската интеграција кон источна Европа, како и архитект на еврото и почитувач на десничарските вредности. Обезбеди и напредок и развој на Германија и на Европа со што се запиша меѓу најмаркантните политички фигури од минатиот век.
Кол имаше и значајна улога во стекнувањето на независност на Република Македонија, подржувајќи го процесот на нејзино осамостојување и натамошен развој.Со жалење и тага ја примив веста за смртта на поранешниот германски Канцелар Хелмут Кол.
Ова преставува загуба за целиот германски народ и

Пронајдете не на следниве мрежи: