Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски испрати телеграма со сочувство до Премиерот на Владата на Република Италија, Матео Ренци.„Со длабоко жалење ја примив информацијата за големата природна катастрофа во централна Италија која предизвика стотици човечки жртви и непроценлива материјална штета.
Би сакал да Ви изразам најдлабоко сочуство Вам, на семејствата на жртвите и на граѓаните на Италија, од мое, но и од името на граѓаните на Република Македонија кои и самите се соочија со големи природни катастрофи со трагичен епилог.
Во вакви моменти соочени со разорноста на природните катастрофи се потсетуваме на нашата беспомошност пред страшната сила на природата, но и на нескршливоста на човечкиот дух, хуманоста, солидарноста и помагањето.
Искрено се надевам на скоро нормализирање на состојбата. Република Македонија и македонските граѓани искрено сочуствуваат со сите погодени од големата катастрофа во Вашата земја и се подготвени да помогнат на секој начин“.„Со длабоко жалење ја примив информацијата за големата природна катастрофа во централна Италија која предизвика стотици човечки жртви и непро