Познавајќи го претседателот Иванов, знаејќи дека тој е човек кој секогаш интересите на државата и на граѓаните ги става пред своите лични интереси, и кој е спремен да преземе и лични ризици за да даде придонес во напредокот на земјата, не се сомневам дека направи чекор со намера да го заштити државниот интерес. Јас верувам дека сè што кажа во образложението и го мисли. Тој навистина сака да постигне помирување, од кое корист би имала државата.Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во третиот дел од мега интервјуто за Телеграф.мк.
-Ако го гледаше личниот, а не државниот интерес, ќе си молчеше и ќе набљудуваше, кога и онака СДСМ одби негово посредништво во кризата. И конечно, сите ние кога носиме некаков суд за некои крупни и стратешки одлуки, забораваме дека сите крупни одлуки вистинската вредност ја добиваат кога ќе се погледнат од една временска дистанца. Можеби по 3, 5 или 10 години многумина од оние што сега се нафрлија врз него и неговиот обид за помирување поинаку ќе гледаат на неговата одлука, а во навредите искажани кон него ќе ја препознаат својата слабост и кратковидост, потенцираше Груевски.Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во третиот дел од мега интервјуто за