Груевски: Изборите на 11 декември се референдумски и од нив зависи иднината на Македонија

Сакам вечерва да ви ја објаснам крајната цел на сето ова што се случува во Македонија. Можеби ќе делува чудно за некого што вака отворено ќе зборувам, но состојбите се сериозни и не може да се премолчат. Во моментов стоиме исправени пред многу важна одлука, која за нашата генерација и за Република Македонија има референдумско значење. Од тоа каков став ќе заземеме сега ќе зависи каква иднина ќе имаат и во каква држава ќе живеат нашите деца и внуци, генерациите Македонци кои ќе дојдат после наши сите граѓани на Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, Никола Груевски, на митингот во Струмица.До овој момент од историско значење дојдовме после долг и тежок период за сите граѓани на нашата земја, рече Груевски.
-Период на вештачки создадена криза, сценарија за дестабилизација чија крајна цел ја гледаме токму деновиве во најавите за редефинирање на нашата држава. Но и период кој го поминавме заедно, рамо до рамо со вас. Ова беа тешки времиња за Македонија. После 2 и пол години во кои Македонија беше држена во агонија, вистината излегува на виделина. На овие парламентарни избори кои се пред нас изборот е помеѓу две алтернативи. Едната опција која создаваше кризи, и другите кои и покрај сè се трудеа да работат, да помагаат, да создаваат, и покрај сите пречки и опструкции. Едните кои сееја омраза и поделеност, и другите кои и покрај сè, работеа на конкретни проекти и мерки кои го подобруваат вашиот живот. На крај на сето ова секој од вас треба да се праша самиот. Со кого ќе ви биде на вас лично подобро, кој ќе сработи повеќе, кој подобро ќе се справи со економските предизвици, со кого ќе се чувствувате посигурно, кој има подобар кадар и подобра програма, кој држи повеќе до зборот, кој ќе отвори нови работни места и ќе овозможи повисоки плати, пензии, социјална помош, на кого повеќе му верувате, кој ќе биде достоинствен пред уцени, и со кого нема да се срамите кога еден ден ќе погледнете назад, кој ќе ги штити државните интереси подобро..Во суштина ова е едноставен избор и покрај сложените околности во кои се прави. Избор помеѓу две комплетно различни концепции и избор помеѓу двајца кои се кандидираат, заклучи Груевски.До овој момент од историско значење дојдовме после долг и тежок период за сите граѓани на нашата земја, рече Груевски.
-Период на вештачки

Пронајдете не на следниве мрежи: