Порано со теренски возила и трактори, сега нов, модерен регионален пат за брзо поврзување помеѓу Мокрино и Смолари. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, преку својот Фејсбук профил информира дека се исполни едно од големите барања на граѓаните од овој регион.„Ова беше едно од најголемите барања на граѓаните кое сега е реализирано. Дополнително со изградбата на овој правец се скратува времето за патување кон границата со Бугарија, а од друга страна се поврзуваат десетина населени места од струмичкиот регион. При мојата посета и одбележувањето на почетокот на градба во август, минатата година, жителите посочија дека е невозможно да се патува со автомобил по земјениот пат кој ги поврзуваше овие две населени места, поради што се принудени да заобиколуваат по патишта долги десетици километри. Тоа е сега минато. Жителите добиваат модерен регионален пат од 4 километри за што се инвестираше над 1 милион и 200 илјади евра.
Инвестициите во нови патишта продолжуваат. Континуирано се работи на реконструкција на регионалниот пат Струмица – Ново Село – Граница со Бугарија во должина од 10 километри и инвестиција некаде околу 1 милион евра, а исто така се работи и на реконструкција на регионалниот пат Попчево – Белотино – Рич во должина од 9 километри и инвестиција од околу половина милион евра. А следната година ќе се започне и со изградба на регионалниот пат од Старо до Ново Коњарево во должина од 4 километри и инвестиција 1.3 милиони евра. Ова се реалните потреби на граѓаните, нашата работа преставува одговор на тие потреби“, напиша Груевски.
„Ова беше едно од најголемите барања на граѓаните кое сега е реализирано. Дополнително со изградбата на овој правец се скратува времето за па