Не смее да ни се повтори излезноста од минатите локални избори, онака како што беше за референдумот. Да излеземе стопроцентно да им покажеме чиe е Кичево, да им покажеме дека Кичево е на кичевчани, на оние што живеат тука во Кичево.
Со овие зборови премиерот Никола Груевски ги повика кичевчани масовно на 24-ти март да излезат на гласање и да му дадат поддршка на Благоја Депостовски и советничаката листа.
-Сакаат со иселени граѓани од пред 10, 20 и 30 години да го земеле Кичево. Ќе ги носеле со авиони, со автобуси. Ајде кичевци, овој пат да покажеме и да излеземе сите до еден и да им одговориме чие е Кичево и да го оставиме Кичево на кичевчани, а не на некој кој 20 години живее надвор од Кичево. Кичево ќе остане на луѓето кои живеат тука. Дехаровци сакаат на вештачки начин да ја сменат демографската структура со носење дијаспора. Би рекол некоректно, нечесно, нефер и неетички. Тоа не е ништо друго туку еден обичен етнонационализам. Тие луѓе не знаат за проблемите кои луѓето ги имаат тука. Затоа не смееме да му дозволиме на Дехари да ни го наруши мирот, затоа треба масовно да се излезе и да се подржи Деспотовски и советничката листа на сите политички партии кои зaстанаа зад него, рече Груевски.
Груевски рече дека нема да поминат никакви обиди за евентуални неправилности.
-Слушам имало муабети, размислувале преку пошта да праќаат пасоши и лични карти, па во нивно име да гласааат други. Сакам да им порачам дека тоа нема да им помине. Тука, не две, не четири, туку шеснаесет очи ќе се отворат на 24-ти март, рече Груевски.
Премиерот порача дека никому нема да му дозволи Македонија да ја прави Албанија.
– Преку глава ми дојдоа притисоци и закани од дехаровци кои Македонија ја гледаат како Албанија, тој ни ја испрати неговата порака, неговиот сон. Го слушнавме и Меџити кој го дополни Дехари. Затоа на 24-ти, и здрави и болни и млади и стари и машко и женско, секоја куќа еден по еден да излезе на гласање и да покаже дека ова било и ќе остане Македонија. Нема да му дозволиме никого Макеоднија да ја прави Албанија, ни на Дехари, ни на Меџити, ова не е дел од Рамковниот договор, ова нема да пројде, овде има народ, овде има граѓани кои си ја сакаат оваа држава Македонија. Етничка Албанија во Македонија нема да може ниту сега ниту било кога во идниа. Ќе останеме тука каде што сме и не одиме никаде, таму ќе умреме еден ден, кога Бог ќе го каже.
Извор: КурирНе смее да ни се повтори излезноста од минатите локални избори, онака како што беше за референдумот. Да излеземе стопр