Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска е во посета на Кратово, изврши увид во градежните работи за изградба на улици во селото Страцин.Реконструкцијата на улиците во должина од еден километар се прави со средства во висина од околу седум милиони денари кои Општината ги има обезбедено преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Преку оваа Агенција, како што истакнаа надлежните од Општината, имаат искористено околу 40 милиони денари, средства кои, како што посочија, се доста значајни за малите општини бидејќи со нив се решаваат низа проблеми со кои се соочуваат граѓаните.
Жителите на Страцин побараа решавање на патната инфраструктура и на проблемот со водоснабдувањето. Од страна на Општината е преземена обврска да се изработи проект за пречистителна станица и да се аплицира преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за да добијат средства за тампонирање на пристапните улички. Огласот се очекува да биде објавен во првата половина на март, а градоначалникот вети дека тампонирањето ќе започне и порано.
Груевски во рамки на посетата на Кратово ќе изврши увид и на изградбата на спортската сала во ОУ „Кочо Рацин“ во Кратово, а планирана е и средба со жителите од овој град.Реконструкцијата на улиците во должина од еден километар се прави со средства во висина од околу седум милиони денари кои Општината ги има обезбеде