Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вели дека не добил покана за денешното рочиште за „Пуч“ кое беше одложено по 9-ти пат. Смета дека случајот намерно се одолговлекува.-Ниту сум знаел дека треба да се појавам денеска на суд, ниту пак некој ме известил. Ако имаат некаква белешка дека сум известен, слободно нека ја покажат во јавноста. Јасна е работата зошто се прави сето тоа. Јасно е дека се сака да се одолговлекува тој случај и се бараат разни изговори. Дури се заплеткуваат и во сопствените изјави, едниот кажува дека наредниот пат ќе бидам повикан, а друг кажува дека сум бил повикан, а не сум се одзвал. Ниту сум бил повикан, ниту имам покана, ниту воопшто сум знаел на било кој начин дека требало да бидам сведок на денешното рочиште. Тоа госпоѓата Јанева и господинот Заев многу добро го знаат. Очигледно е дека некому му требало изговор за денес да се одложи рочиштето за да купат уште еден месец, рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека со вакви потези само се купува време, а потенцира дека тој е подготвен да соработува.-Ниту сум знаел дека треба да се појавам денеска на суд, ниту пак некој ме известил. Ако имаат некаква белешка дека сум известен, слободно нека ја