Државната изборна комисија го објави конечниот список на гласачи во кој бројот на гласачите се зголемува за пет илјади. Каде се сега фантомските гласови кои во изминатава една година СДСМ ги најавуваше и со кои ги лажеше граѓаните, запраша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ4, Никола Груевски.-СДСМ со ова покажа како знае да си го лаже сопствениот народ. Ги лажеа и нивните и нашите и неутралните членови и сите граѓани, како и меѓународната заедница. Како сега овој народ да верува на СДСМ после толку многу лаги и оваа мега лага за фантомските гласачи. Како што лажат за ова, така лажат и за многу други работи, истакна Груевски на митингот во Виница и додаде дека Заев може да лаже колку сака, но треба да најде кој да му верува, бидејќи такви луѓе во Македонија нема.
Тој кажа дека неговиот опонент Заев е мошне среќен што албанската дијаспора го прогласила за месија. – Но тој е еден измамник кој ќе остане во историјата. Разликата во победата ќе биде огромна, истакна Груевски.
Со добивање 63 пратеници, рече тој, кризата нема да продолжи, а тоа ќе биде крај и на сите обиди на Заев и СДСМ да и го прават тоа што го правеа во изминативе две и пол години на Македонија.-СДСМ со ова покажа како знае да си го лаже сопствениот народ. Ги лажеа и нивните и нашите и неутралните членови и сите граѓани, како и меѓународна