Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес оствари средба со коалиционите партии во коалицијата „За подобра Македонија“.-Ние како партија и како коалиција сме спремни во секој поглед. Програмата веќе ја затвораме, последните работи се прават деновиве и таа ќе се затвори. На терен сме максимално присутни во комуникација со граѓаните и сите оние други работи кои се потребни за една изборна кампања ги подготвуваме и се во една динамика која ги исполнува сите потребни рокови. Денешната средба беше една од нашите редовни средби на кои разменувавме информации, мислења и гледишта за некои работи, усогласуваме одредени работи за тоа како понатаму да ги спроведуваме. Од тој аспект можам да кажам дека сме подготвени за една силна, за една голема победа. Победа која ќе обезбеди стабилност на Република Македонија, победа која ќе обезбеди економски просперитет за народот, за граѓаните на Македонија независно на нивната етничка или верска провиненција. Победа која ќе обезбеди Македонија да излезе од оваа криза во која што ја донесе опозицијата и да застане цврсто, да застане стабилно и да продолжи по патот на економскиот просперитет, по патот на зачленување во НАТО и ЕУ и по сите оние други стратешки приоритети кои ги имаме зацртано како држава и се разбира ние како коалиција, истакна лидерот на владејачката партија.
Груевски посочи дека на овие избори дефинитивно граѓаните ќе имаат можност да изберат помеѓу ВМРО-ДПМНЕ како партија која работи, испорачува резултати и ветувања, гради, создава дела, прави реформи и го прави животот на граѓаните подобар или СДСМ на другата страна како оние кои се најдобри во сплеткарошење, манипулации, правење на игри и чија главна платформа е деструкцијата.-Ние како партија и како коалиција сме спремни во секој поглед. Програмата веќе ја затвораме, последните работи се прават деновиве и таа ќе с