Груевски: Како што ветивме во кампањата, веќе започна градбата на примарен гасовод од Скопје до Тетово и Гостивар

Дури и во овие моменти кога се отворени сериозни прашања и предизвици во земјата, суштински важни за нејзиното понатамошно постоење и начин на функционирање, ВМРО-ДПМНЕ се труди Македонија да оди напред и да го испорача тоа што го вети на народот и на сите граѓани не делејќи ги по етничка, верска, политичка или било каква друга основа, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.-Додека Заев работи на залажување на албанските граѓани со понуди од кои квалитетот на нивниот живот нема да се подобри, ВМРО-ДПМНЕ реализира конкретни работи, им овозможува на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците и Власите во полошкиот регион да добијат примарен гасовод за доток на природен гас. Како што ветивме во кампањата за изборите, веќе започна градбата на примарен гасовод од Скопје до Тетово и Гостивар, како прва фаза вредна 29 милиони евра и кој ќе биде изграден во наредните година ипол до две со актуелниот интензитет на работи. Веднаш потоа ќе започне и следната фаза на градба на гасоводот до Кичево со кој и граѓаните и компаниите од оваа општина ќе добијат природен гас. СДСМ тоа никогаш не се обиде да го направи за граѓаните од овој крај кога беше на власт, напиша Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ, нагласува Груевски, на сите граѓани им нуди многу конкретни работи кои ќе го подобрат животот, ќе ги намалат трошоците за домаќинствата и компаниите, ќе го поттикнат бизнисот и ќе привлечат повеќе фабрики и капацитети кои ќе отвораат нови работни места. Достапноста на гас ќе влијае и за поеколошки чиста животна средина и директно ќе влијае за намалување на загадувањето на воздухот. Истовремено тој ќе биде од корист и за земјоделците кои со енергија од природниот гас ќе имаат можност по пониски трошоци да ги затоплуваат своите оранжерии.
-Ова е наше крупно изборно ветување за полошкиот регион и веќе почна да се реализира. Покрај ова се работи и на гасоводот Штип, Неготино каде градежните работи се повеќе од 50% завршени. Овие два примарни гасоводи се во вкупна вредност од 45 милиони евра инвестиции кои се одвиваат во моментот. Реализацијата на ваквите и многу други проекти, остварувањето на политики кои се за сите граѓани е и порака до сите кои сакаат да ја растурат земјата дека нема да им се дозволи тоа, ниту да го урнат соживотот во Македонија, преку делби, поделби, отворање на прашања кои не се предмет на соживот туку извор на конфликтност. ВМРО-ДПМНЕ понатаму ќе продолжи да гради и создава, да исполнува ветувања од кои корист ќе имаат сите граѓани на Македонија, и Македонците, и Албанците и сите останати, пишува Груевски.
Груевски нагласува дека апсолутна невистината е дека ВМРО-ДПМНЕ има нешто против одредени заедници во Македонија.
-Ние создаваме можности за сите и градиме за сите. ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите. Тоа не разликува од СДСМ. Тие се расфрлаат со нереални ветувања и никогаш не ги исполнуваат. ВМРО-ДПМНЕ ветува реално и реализира без остапување, заклучи Груевски.-Додека Заев работи на залажување на албанските граѓани со понуди од кои квалитетот на нивниот живот нема да се подобри, ВМРО-ДПМНЕ реализира конкр

Пронајдете не на следниве мрежи: