Илјадници луѓе ги слушнаа нашите пораки, како татнеж се слушаше нашиот повик до сите вас да ја зачуваме Македонија, и мора да успееме. Уште само еден ден до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ и одбраната на унитарноста на Република Македонија, истакна на вечерашниот завршен митинг во Прилеп лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во четвртата изборна единица Никола Груевски.Сите изминати денови во оваа кампања беа максимално исполнети, некогаш само погледот на луѓето со кои се среќавав и соочував беше доволен да ја видам и разберам нивната порака и нивната загриженост – луѓето сакаат подобар живот, повисок стандард, работа, нови работни места и конкретна програма на која може да и веруваат. Народот очекува политичарите на кои ќе им биде дадена довербата да ги штитат државните интереси и да не дозволат мрачни сценарија да ја разорат државата, нашата држава Македонија. Ние ќе работиме на тоа, вие го знаете тоа, ние ќе стоиме рамо до рамо со вас и секогаш ќе се потпираме на вашата поддршка, затоа што таа не одржа во целиот овој хаотичен и кризен период кога се спроведуваа делови од црното сценарио против Македонија и таа ќе се спротистави во недела на финалето на тоа сценарио, посочи Груевски.
Тој се осврна и на дел од работите, за кои како што рече, ја одбележале изборната кампања.
-Се дозна и докажа дека опозициската СДСМ ја украле нивната политичка платформа – програма и кампања и слоган од српската партија Двери. Дури ги видовме и луѓето од српската партија Двери како запрепастени даваат изјави дека тоа е нивната кампања и програма. Ова е скандал сам по себе и само заради ова заслужуваат да изгубат на изборите, затоа што тоа е врв на потценување на сопствениот народ, украдена програма со додадени неколку небулозни ветувања за минимална плата додека тој и Радмила земаат по 10-тина илјади евра месечно, проекти кои никој никогаш не може да ги оствари, тоа е класично потценување на сопствениот народ. И таквото потценување нив ги следи уште од почетокот на оваа криза затоа што се што направија беше базирано на такви претпоставки дека народот може да го излажат и да им поверува. Овој
народ премногу поминал и видел се и сешто и е мудар и никој не смее да го потцени. Обидот на мала врата да најави воведување на двојазичност на целата територија и кантонизација на државата, со негови јасни и децидни изјави, значи не се тоа мои изјави од мојата глава, туку го слушаме него со свои зборови и онака горд демек кажал нешто многу визионерски, сам си кажува и најавува двојазичност од градинките и училиштата, па двојазичност во Прилеп, го слушате како тој сам си кажува, па како отворено без усул дури си кажува на тој водителот на албанскиот канал ТВ21 дека бил прагматичен ако требало и Уставот ќе го смени, па потоа сам во Швајцарија пред албанската дијаспора, која е позната по своите екстремни ставови им кажува гордо дека тој е тој што ја отворил употребата на јазиците и дека рамковниот не е доволен, замислете не бил доволен рамковниот договор, и тие потоа со нескриени симпатии го прогласија за нивни Месија, потоа се сеќавате на неговата изјава дека е грдо лицето на Македонецот ако не прифател двојазичност и вакви негови визионерски ставови, тоа го кажа тој, не јас…само заради ова без друго, Заев заслужува огромен пораз на овие избори… но ова не беше доволно очигледно за него во обидот за спроведување до крај на сценариото кое му го напишале, тој отиде и неколку чекори понатаму, рече Груевски.
Заев, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во Швајцарија пред албанската дијаспора го кажа следново…Не е проблемот во другите, проблемот е во Македонија, говорејќи за меѓу соседските проблеми на Македонија, значи Македонија е виновна што не сака да си го смени името на државата и името на јазикот македонски и нацијата македонска, Македонија е виновна што не сака да си го смени статусот на црквата, Македонија е виновна што не сака да биде експеримент во секоја смисла. Ете тоа го кажа лично Зоран Заев.
– Но ова не му беше доволно и што направи, се тоа го стави како политики во неговата програма, споменувајќи експлицитно на страните 164 и 188 за повеќејазичност од најрана возраст и политипни општини по примерот на швајцарските кантони со пренесени надлежности со сопствена полиција и сите можни институции да се локални тоа го има во нивната програма, очигледно тоа е единствениот дел кој не го украле и е автентичен социјалдемократски. Само ова е доволно да се гласа против нив. Да не говорам и за оние 1001 причина каде се гледа нивното однесување на дело со барање мито, со виткање кичми како добар пример, со бркање од работа од чистачка до министер, со обиди за поткуп на гласачи со дрва и други нерегуларности, за издавање под кирија на сопствен стан сам на себе и обид за перење пари како што правела Радмила, но одиме понатаму. Ние не сакаме да даваме причини само зошто да гласате против нив, такви причини има навистина многу. Ние сакаме да ви дадеме добра причина и добар аргумент зошто да гласате за нас и зошто вашиот глас за нас ќе значи напредок и подобрување на она што ви е најважно на вас и вашето секојдневие, работа, нови работни места, инвестиции во многу области, субвенции, развој, одење напред, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски.Сите изминати денови во оваа кампања беа максимално исполнети, некогаш само погледот на луѓето со кои се среќавав и соочував беше доволен да ја вид