– СДСМ ветува сѐ и сешто без да води сметка дали тоа е возможно да се оствари, и најважно како тоа планираат да го остварат и тоа е потценувачки однос кон народот, рече во своето обраќање на митингот во Охрид првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.-Најдобар пример дека немаат никаква идеја, нешто конструктивно да направат е фактот дека тие се веќе во Владата подолг период скоро 10 месеци и од нив не видовме досега ниедно добро дело, ниеден предлог, ниедна мерка која ќе им го подобри животот на луѓето. Една година на функција, ништо добро од нив! Овие луѓе не заслужуваат да ја добијат вашата доверба. Овие луѓе мислат само на деструкција и креирање хаос но од нив не чувме ниедна мерка за подобар живот за вашите реални проблеми. И додека тие креираа кризи,ние работевме и остварувавме проекти за народот, рече Груевски.
Потенцираше дека отворени се нови 160 илјади работни места, од кој во последниве две и пол години 39 илјади нови работни места. Невработеноста падна од 38% на историски најниски 24%.
-Македонија продолжи да гради успешна бизнис клима и беше рангирана на 5то место во Европа и 10та во светот според дуинг бизнис, и прва во светот според извештајот на ИБМ за новоотворени работни места како резултат на директни инвестиции. Во период на криза продолживме со зголемувањето на пензиите. Минатата година тие се покачија за 5%, а исто толку се покачија и оваа година со исплатата на ноемвриските пензии. Од 2006 до денес во просек се зголемени за 70 %, од кој најниската и за nad 90 осто. Обезбедено е зголемување на социјална помош во 2015 за 10 % и во 2016 за нови 5 %. Социјална помош од 2006 до денес е зголемена за цели повеќе од 65%, рече Груевски.
Тој додаде дека реализиран е и проектот „Купи куќа за млади до 35 години“, со кој директно им се помага на многу млади луѓе до 35 години да си обезбедат куќа под исклучително поволни услови со поддршка на државата, проект каков што немало никаде во Македонија, единствена можност за младите луѓе со 80% поддршка од државата да дојдат до сопствена куќа.
-Се градат три нови автопати Демир Капија Смоквица кој треба да биде готов наредната година, автопатот Скопје Штип и автопатот Кичево Охрид. При крај е изградбата на експресниот пат Велес- Кадрифаково Штип, а активно се гради и експресниот пат со 4 ленти Градско Прилеп. Во последните неколку години завршивме 404 локални патишта со должина од околу 750 км и инвестиција од околу 65 мил. евра. Набавивме 150 нови вагони од различни типови за товарен превоз. Вкупната инвестиција изнесува 15 милиони евра. Извршивме набавка на 6 нови патнички возови. Вкупна инвестиција од нови 25 милиони евра, рече Груевски.
Продолжија инвестициите во образованието. Во последните 2 години, рече Груевски, се отворија 11 нови училишта од вкупно 74-те нови кои ги изградивме. Над 400 училишта беа реконструирани, од кој во последните две ипол години 92 училишни објекти, за што се инвестирани 9,5 милиони евра. Отворивме 54 нови градинки, од кој во последните деипол години отворени се нови 29 градинки.
-Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2006-2016 година обезбеди вкупно 1 милијарда и 55 милиони евра за македонските земјоделци. Обезбедивме субвенции повисоки од било кога за тутуно-производителите, за производителите на млеко, месо, за градинарските култури, за овоштарите, за производителите на ориз, за пчеларите! Македонските земјоделци набавија над 2.000 трактори и околу 7.700 парчиња друга земјоделска механизација и ја обновија старата механизација по принципот 50-50. Го намаливме ДДВ-то од 18 на 5 отсто на сточната храна, на суровото масло за производство на храна и на живиот добиток, рече Груевски.-Најдобар пример дека немаат никаква идеја, нешто конструктивно да направат е фактот дека тие се веќе во Владата подолг период скоро 10 месеци и од