Груевски: Крајот на кризата ќе биде конечен само ако победата е убедлива и со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ

Уште 7 дена до големата победа која ја очекуваме и која ќе ја добиеме. Победата ќе биде голема не само заради резултатот туку и заради противникот и неговите планови. Уште 7 дена и државата комплетно си ја враќа својата самостојност и сувереност и народот покажува на сите кој е и во што верува, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ4 го започна своето обраќање вечерва на големиот митинг пред струмичани.-Две ипол години политичка криза која ја создадоа вештачки заради некои фантоми кои испадна дека воопшто не ни постојат, 2 ипол години обиди за закрвување на народот и поделби, конфликтност која се пренесуваше секаде низ државата, 2 ипол години деструкција и хаос ќе завршат со овие избори на 11 декември. Кризата полека се движи кон својот крај, но нејзиниот крај ќе биде конечен само ако победата е убедлива и со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“. Така ќе се запре кризата и ќе се стави крај на планот за мрачни сценарија по однос на нашата држава, рече Груевски.
Тој ги повика граѓаните и овие 7 дена што остануваат до 11 декември  да останат со студени глави и да одлучат за судбината на Македонија.
-За жал не може да се помират сценаристите со ова што ги чека, со овој огромен пораз кој ќе го добијат и само мислат како да испровоцираат проблем. Нервозни се, очајни и фрустрирани се затоа што не успеаја и не успеваат, а пробаа се. Многупати тестирани сценарија во Македонија не им успеаја, затоа што нашиот народ е мудар и се гледа јасно. Нервозни се и ги знаеме многу добро дека може и да не бираат средства. Сме гледале многу примери наоколу, па и во соседството што се може да направат. Нервозни се и бараат начин како да ја продолжат кризата. Како да го одржат барем уште некое време црпнатиот, зашто нема друг таков човек кој е спремен се да продаде и се да стори само за да дојде на власт. Дури и се чуделе на што се е спремен, уникатен примерок на богаташ кој е „трчи- лажи“ и кој нема проблем со наведнување на кичмата и со блага насмевка да прифаќа се што ќе му се каже колку и тоа да е погубно за неговата земја, истакна Груевски.-Две ипол години политичка криза која ја создадоа вештачки заради некои фантоми кои испадна дека воопшто не ни постојат, 2 ипол години обиди за зак

Пронајдете не на следниве мрежи: