Министерството за здравство вчера објави конкурс за набавка на три мамографи, од кои еден за Куманово, еден за Крива Паланка и еден за Битола, така што за неколку месеци Куманово ќе добие најсовремен и најмодерен мамограф, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по пуштањето во употреба на Тенискиот центар „23 Октомври“ во Куманово.– За набавката на овие три мамографи во овие три града предвидени се во Буџетот над 300.000 евра со цел да се набават и да се стават на располагање на лекарите и на пациентите, потенцира Груевски.
Истакна дека тоа е втор здравствен проект по значење по Ургентниот центар во Куманово. Според него, трета значајна работа која е завршена во Куманово, е што веќе во тој град е дислоциран Центарот за наркозависници.
– Тоа го бараа граѓаните при мојата последна посета во населбата „Гоце Делчев“, нешто за што во меѓувреме доста се работеше, бидејќи тоа не беше едноставна операција. Сега веќе тоа е завршено и Центарот за наркозависници е префрлен со што барањето на граѓаните на населбата „Гоце Делчев“ е исполнето. Центарот за наркозависници сега се наоѓа во кумановската болница, додаде Груевски.– За набавката на овие три мамографи во овие три града предвидени се во Буџетот над 300.000 евра со цел да се набават и да се стават на распо