Груевски: Мајчиниот јазик претставува одлика на мислата и една од главните карактеристики на народите

Мајчиниот јазик од секогаш претставувал одлика на мислата и една од главните карактеристики на народите. Затоа овој ден е од големо значење за Турците во Република Македонија, но во исто време е од значење и за нашата држава и за нашето општество кое со години наназад претставува сплет на култури, етникуми и религии, порача премиерот Никола Груевски во обраќањето на одбележувањето на 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик во Македонија.Тој посочи дека негувањето на народниот јазик е наша долгогодишна традиција и наша долгорочна обврска и додаде дека во такво општество можноста за образование, творење и напредување на својот мајчин јазик е една од основните фунадментални права на човекот.
– Турците во Македонија се значајна етничка заедница и придонесуваат во општествениот, економскиот, политичкиот, спортскиот и културниот живот и имаат учество во секоја општествена сфера. Соработката и почитувањето ниту почнуваат, ниту пак запираат на одбележувањето на големите празници. Таквиот однос трае постојано и на сите полиња од наш заеднички интерес. Честитајќи ви го денешниот празник дозволете да го изразам своето верување дека ќе продолжиме заеднички да ја негуваме и развиваме Република Македонија како заедница на рамноправни граѓани која треба да овозможи квалитетен живот и добра перспектива за сите идни генерации во државата, рече Груевски.
Наша трајна определба е, потенцира, таквите обележја да ги почитуваме, негуваме и прославуваме како еден од нашите основни општествени постулати и наши заеднички придобивки.

Најави дека од следната година покрај останатите учебници на турски јазик, кои досега се користеа, турските ученици во Република Македонија за прв пат ќе добијат и учебник по предметот Турски јазик.
– Процедурите се во тек и од следната година учениците во осмо и деветто одделение, како и во прва и втора година средно стручно образование и прва година гимназија за прв пат ќе добијат и учебник по предметот Турски јазик што ќе биде од особено значење за нив, рече Груевски.
Додаде дека во делот на образованието ќе продолжат и сите останати проекти и активности од интерес за Турската заедница, а слично ќе биде и во културата.
– Во областа на културата еден од најважните проекти во моментов е изградбата на новиот Турски театар, а денеска беше промовирана и монографијата „Со сигурни чекори до целта“ со која го одбележуваме големиот јубилеј – 65 години од постоењето на Турскиот театар во Република Македонија, рече Груевски.
Турскиот театар, додаде, е единствениот на Балканот и во Европа кој повеќе од половина век делува на својот мајчин јазик надвор од границите на матичната држава.
Потенцира дека благодарение на одличните односи и големиот број контакти меѓу Македонија и Турција се бележи напредок во економската размена меѓу двете земји, а расте и бројот на турски инвестиции во Македонија.
– Со ТАВ имаме повеќегодишна успешна соработка и како резултат на неа Македонија бележи голем пораст на бројот на патници  и бројот на летови од македонските аеродроми. Турската очна болница во Скопје веќе четири години успешно работи, целиот комплекс и кулите на Џеваир холдинг се во напредна фаза на изградба. Во Прилеп годинава е најавена инвестиција на компанијата од Истанбул за изградба на станбени згради, пред некоклу недели ја отворивме новата фабрика за ориз во Кочани,…, рече Груевски и најави дека се во интензивни контакти и со многу други фирми од Турција кои имаат намера да инвестираат во Македонија.
 
Потенцира дека поддршката од Владата за инвеститорите од Турција и понатаму ќе остане иста, а ќе се работи и на понатамошно продлабочување и унапредување на бизнис односи меѓу Македонија и Турција.
Груевски се заблагодари на пратениците, министрите и другите претставници од политичкиот живот од Турската заедница, кои како што рече, придонесуваат за развојот на Македонија и спроведувањето на реформите кои се од интерес за сите граѓани.
На прославата се обратија и турскиот вицепремиер Јалчин Акдоган и генералниот секретар на Матуситеб Таксим Ибрахим.
Турската заедница во Македонија на 21 декември 1944 година доби право на образование на мајчин јазик. Тој ден од 2007 година се слави како Ден на наставата на турски јазик и е неработен за припадниците на Турската заедница во Македонија.Тој посочи дека негувањето на народниот јазик е наша долгогодишна традиција и наша долгорочна обврска и додаде дека во такво општество можноста за

Пронајдете не на следниве мрежи: