Проектот Агро-пазар Македонија е нешто што до сега го немало во државата а е планирано во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ за претстојните парламентарни избори.Тоа, како што презентираше денеска во Неготино лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и носител на ИЕ 4, е планирано да биде во Источна Македонија е проект кој ќе чини околу 20 милиони евра.
-Тоа е една голема берза на свежи земјоделски производи и зеленчук и овошје на која што се собираат и понудата и побарувачката и на која што се изградени огромни ладилници, од кои некои се приватни а други државни. Тука се судираат понудата и побарувачката. Истата ќе биде најсовремено опремена по моделот на онаа амстердамската берза. Најблиску во Европа ваква берза има во Будимпешта, а најпозната е амстердамската според која ние ќе ја градиме, рече Груевски.
Ако некој ден цената на некој производ е лоша, појасни Груевски, ќе може да се складира и да се врати кога цената ќе биде поповолна.
-Ќе може и да се тргува преку интернет. Вакво нешто имаат развиените западно европски земји, но го нема на Балканот. И тоа ќе биде атрактивно не само за купувачите од Македонија, туку и за купувачите од целиот поширок на југоисточна Европа. Тоа треба да биде изградено помеѓу Неготино и Демир Капија, а точната локација сеуште ја немаме утврдено. Тоа ќе однесе многу компании, бизниси и ќе го раздвижи регионот, порача Груевски.Тоа, како што презентираше денеска во Неготино лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и носител на ИЕ 4, е планирано да биде во Источна Македонија