Груевски: Македонија силно напредуваше за време на власта на ВМРО- ДПМНЕ, а тоа го призна и ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер на Република Македонија, Никола Груевски, попладнево со Александар Николоски и Никола Попоски од партиското раководство присуствуваше на конференција во Европскиот парламент посветена на Западен Балкан, по работниот ручек со европратениците и со претседателот на ЕПП, Жозеф Дол.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Груевски имаше можност да се обрати на конференција на која приссуствуваа и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, екс-претседателот на Комитетот за надворешни работи на ЕП, Елмар Брок, опозицискиот лидер во Албанија Ѓуѓзим Баша, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Црнадак и други високи политички претставници од Европа.
Според претседателот на најголемата политичка партија во Македонија, на конференцијата за Западен Балкан во Европарламентот во Брисел, која беше затворена за јавноста, тој имал неколку поважни моменти. Најпрво, тој кратко образложил што се се направи во Република Македонија на полето на реформите во сите сфери, тргнувајќи од реформите поврзани со добрата инвестициска клима, привлекување на инвестиции и отворање на нови работни места, до создавање на состојба да има најниски даноци во Европа, односно рамни и ниски даноци во земјата. Исто така, тој ги претставил и направените реформи во администрацијата, во судството, реформи во повеќето други сфери како образованието, здравството итн.
– Во 11-годишен период додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт се направи напредок во сите сфери и не беше случајно ниту тоа што добивме препорака од Европската комисија за почеток на преговорите, што подоцна се повторуваше, ниту беше случајно што од НАТО добивме извештај во 2008 година, дека по решавањето на спорот за името ќе се испрати и покана за членство. Исто така, не беше ниту случајно што десет пати по ред ВМРО-ДПМНЕ имаше победа на изборите во Македонија и ја освои довербата на мнозинството граѓани. Тоа не доаѓа ниту случајно, ниту без многу работа, ветувања, испорачување на истите и резултатиц, истакана Груевски во изјава за МИА по неговиот настап во Европарламентот.
Сепак, тој посочил дека по овој период, иако победници на последните избори, ВМРО-ДПМНЕ замина во опозиција, но и понатаму останува цврсто на нашите принципи за продолжување со реформите, бидејќи реформите, според него никогаш не застануваат.
Лидерот на најбројната политичка партија во македонскиот Парламент вели дека реформите секогаш продолжуваат и секогаш може да се направи нешто подобро, да се надмине некоја слабост, па во овој дел тој упатил и апел до претставниците на Европската унија, до европратениците и сите останати што денес беа на оваа конференција, дека предолго време Македонија чека да ги започне, а потоа и да ги заврши преговорите за членство во ЕУ и да стане полноправен член, како што и предолго време земјата чека да стане членка на НАТО.
– Дел од вината за одредени лоши случувања во Македонија ја имаат и тие. Многу работи ќе тргнеа во друга насока ако во 2008 година станевме членка на НАТО, а во 2009 година ги започневме пристапните преговори со Унијата, кои пет-шест години подоцна ќе ги завршевме и ќе станевме членка на ЕУ. Сега е време за да се исправат тие грешки. Колку помалку ЕУ е присутна во Македонија, толку повеќе се остава на други да бидат присутни. Неприсуството создава губење на надежта кај граѓаните и има негативно влијание, бидејќи мнозинството од граѓаните се имаат изјаснето дека земјата посакуваат да ја видат како член на Европската унија и на НАТО, вели Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека упатил апел дека реформите треба да продолжат и за таа цел да се забрза со поканата за Македонија да ги почне преговорите со Унијата и истите да започнат со цел работите да тргнат во добар правец. Тој апелирал до присутните да престане да се блокира Македонија, бидејќи таа блокада направи голема штета и истата го забави македонскиот развој, иако и во такви услови беа направени крупни реформи за напредок на државата.
Во излагањето на другите претставници, според Груевски, тие генерално го поддржале дека Република Македонија треба да напредува во евроинтеграциите и дека треба да стане дел од големото европско семејство.
Тој во меѓувреме се сретна и со претседателот на ЕПП во Европскиот парламент, Манфред Вебер, а вечерва се среќава со европратеникот Елмар Брок.
Според Никола Груевски, тој го користи времето максимално продуктивно, пред се за државата, бидејќи вели дека ако и во улога на опозиција се уште го барате тоа тоа што и претходно сте го барале, тоа значи дека државата сака и заслужува да напредува, па затоа вели дека се труди и од позиција на опозиција за земјата да се придвижи кон ЕУ и НАТО.
Груевски посочи дека го споменува НАТО, бидејќи горе-долу луѓето кои се во Европската унија имаат свое влијание и за Алијансата, бидејќи нивните главни градови ги носат одлуките.
– Јас ќе продолжам и понатаму со тие напори, бидејќи ние пред се работиме за државата, постоиме како партија за државата. Овие моменти ги користам и за да ги запознаам луѓето со партиско-политичките случувања во Македонија, околу исправноста на чекорите што ВМРО-ДПМНЕ ги превзема и плановите на партијата за понатаму, како најсилна политичка опција во Македонија, најголема по бројност во парламентот и според број на гласови освоени од граѓаните, но и како партија што во наредниот период ќе делува како опозиција, но реорганизирајќи се, рефреширајќи се истата брзо ќе се врати на власт и повторно ќе ја предводи земјата, заврши Груевски.
Во рамки на во дводневна работна посета на Брисел, во текот на утрешниот ден Никола Груевски и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, имаат набиена агенда на билатерални средби со голем број на европратеници, а предвидено е и да се сретнат со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан. Тема на разговорите е состојбата во Македонија и евро-атлантските аспирации на земјата, односно како најбројната партија во Европарламентот може да и помогне на македонската држава за да напредува во овој процес.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Груевски имаше можност да се обрати на конференција на која приссуствуваа и еврокомесарот за преговори

Пронајдете не на следниве мрежи: