Соработката на домашните со странските инвеститори во Македонија е растечка и од година во година е се поголема, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.-Тоа е така затоа што секоја година има се повеќе странски инвестиции и нови компании и заради тоа што домашните компании веќе ја препознаа можноста да го искористат тоа нивно присуство, да станат нивни добавувачи и на тој начин да добијат работа која што е поврзана со глобални играчи, индиректно преку компаниите од странство кои во Македонија отворија свои фабрики. Последниот податок за минатиов период е 50 милиони евра средства кои странските компании кои отворија свои фабрики во Македонија ги потрошија за добавување од македонски компании. Таа бројка е растечка, едно време беше 20, 25, па 30 милиони евра, сега веќе е 50 милиони евра на годишно ниво. Тоа покажува дека се поголема корист имаат домашните фирми и домашните компании од присуството на странските компании во Македонија, рече Груевски.
Тој потенцира дека доколку не дојдоа тие странски компании, постоечките македонски фирми ќе имаа помалку работа за 50 милиони евра, што е значителен износ.
-Вклучени се огромен број на компании кои соработуваат со нашите компании и тоа е добро. Странските компании се повеќе гледаат можности во домашните компании затоа што многу често нашите се поконкурентни во најмала рака од аспект на близината, транспортот и цените кои ги нудат, рече Груевски.-Тоа е така затоа што секоја година има се повеќе странски инвестиции и нови компании и заради тоа што домашните компании веќе ја препознаа можност