Груевски меѓу Прилепчани: Нови компании заинтересирани да инвестираат во Прилеп

Ние во нашата нова програма наречена „Реално“ предвидовме изградба на нов театар во Прилеп. Планираме и темелна реконструкција на Домот на културата, тој во некои делови веќе е реконструиран, но сега ќе се направи една темелна и сеопфатна реконструкција.Ова го истакна Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица, при вчерашната посета на Прилеп.
-Овде во Прилеп, во план ни е во наредните 4 години спортскиот центар Маркови кули да се реконструира темелно. Таму имаме и спортска сала, отворен базен со ватерполо димензија, имаме стадион, тениски игралишта, има ресторан…
Тој посочи дека уште една нова компанија објави дека ќе инвестира во Прилеп.

-Тоа е компанија од Германија која ќе произведува апарати за домаќинството, ќе вработи 1.000 луѓе, ќе се смести во слободната економска зона во Прилеп и ќе има и многу индиректни вработувања.
Груевски истакна дека има интерес и од уште неколку други компании за инвестирање во Прилеп.
-Една американска компанија со потенцијал за вработување на 600 лица, со нешто повисока технологија и е пред одлука, затоа се уште не можеме да ја кажеме, бидејќи одлуката се уште не е донесена.Ова го истакна Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица, при вчерашната посета на Приле

Пронајдете не на следниве мрежи: