Груевски: Минималната плата која ќе продолжи да расте ја воведе ВМРО-ДПМНЕ

Кога порано во Македонија за еден краток период се отвориле нови 160.000 работни места? Кога во Велес за 50% се зголемил бројот на вработувања? Кога во Македонија имало вакви трендови на доаѓање на нови компании, на ваков раст на пензиите? Зошто некој сака да го сруши сето она што добро функционира во Македонија и дава добри резултати, запраша вечерва од митингот во Велес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.-Во време кога Македонија влезе во топ 10 земјите во светот според условите за правење на бизнис нам ни е потребен напредок и да не го растураме тоа што го создадовме, туку да го надградуваме и подобруваме. Со ова што го направивме досега невработеноста се намали од 38,7% на 24 % . Со отворање на 160.000 работни места од кои 39.000 во последните 2,5 години во време на криза. Странските директни инвестиции достигнаа од 2 милијарди и 600 милиони евра. Минималната плата ние ја воведовме, во минатото таа не постоеше. СДСМ одбиваше да воведе минимална плата. Се воведе и почна да расте, а ќе стигне и до 14.000 денари. Оваа влада досега обезбеди 1 милијарда и 55 милиони евра за македонските земјоделци и за руралниот развој, рече Груевски.
Груевски се осврна на програмата на СДСМ каде што Заев ветува живот во Македонија и враќање на младите назад во државата со низа инвестиции при што потенцираше дека Зоран Заев додека е на власт во Струмица не успеал да донесе ниту една фабрика во Струмица.
-Колку СДСМ обезбеди и дали се сеќавате за субвенции кога СДСМ беше на власт. Дадовме под закуп државно земјоделско земјиште кое претходно не се давало да се обработува, ја сменивме политика. Во времето на СДСМ немаше намалување на цените на лековите, а сега 10 пати се намалија цените на лековите. Тоа е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и затоа ние ја добиваме довербата на изборите. Инвестиравме над 100 милиони евра во медицинска опрема насекаде низ Македонија, набавивме над 70 нови амбулантски возила, го спроведовме проектот еднократен отпис на долгови , изградивме 70 нови училишта во Македонија, а 400 ги реновираме од темел. Зошто тоа никогаш не го правеше СДСМ ? Затоа што сакаше народот да го држи во заложништво и да се плаши, истакна Груевски.-Во време кога Македонија влезе во топ 10 земјите во светот според условите за правење на бизнис нам ни е потребен напредок и да не го растураме то

Пронајдете не на следниве мрежи: