Зошто Заев го лаже народот дека ако тој бил премиер ќе давал по 500 евра плата, кога вработените во неговите фирми живеат на работ на егзистенција, изјави на вечерашниот митинг во Ресен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.-Го слушам аболицираниот криминалец Зоран Заев деновиве зборува дека ние сме биле 10 години на власт,а тој е 11 години на власт во Струмица. Прашајте ги струмичани што аир видоа од него. Зборува дека ќе враќале 15 отсто од ДДВ-то, па да го прашам вака јавно, зошто не враќа 15 отсто од приходите на Општина Струмица на струмичани за да му поверуваме дека ќе враќа 15% на сите граѓани на Македонија требаше барем досега , барем шест месеци, ако не и година да им враќа по 15 отсто на струмичани од општинската каса, рече Груевски.
Тој нагласи дека како што државниот буџет има свои приходи, така и општинската каса на Струмица има свои приходи. Зошто ги лаже сега сите граѓани во Македонија дека на сите ќе им враќал по 15%, запраша Груевски.
-Го слушам зборува колку ќе била минималната плата, па дека ќе направел тој некако да има просечна плата од 500 евра. Да погледнеме колку е платата во неговите компании и компаниите на неговото семејство, дали таму е просечната плата 500 евра и дали таму минималната плата е толку колку што им ветува на граѓаните? Далеку е од тоа, на работ на егзистенцијата живеат вработените таму. Земаат најминамална плата најголемиот дел од нив. Ако Заев е искрен во ветувањата, тој на своите вработени ќе им дадеше секој да има најмалку 500 евра плата. Зошто го лаже народот дека ако тој бил премиер ќе давал по 500 евра плата. Повторно лаги со опашки и повторно опашките во Струмица и неговите компании, рече Груевски.
Одговорот на идејата на Заев за двојазичност на цела територија на Македонија се гледа во очите на граѓаните низ Македонија, а одговорот е „не“, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Не е погрешно така да се мисли, тоа не значи дека не е потребен соживот и разбирање, толеранција и соработка и заедништво за сите етникуми. Тоа значи само дека не може државата да се третира како експеримент и од ден за ден да се менува суштината и идентитетот. Тоа беше целта на кризата и секој еден кој не веруваше и се сомневаше сега му е јасно и го гледа сценариото кое се надвиснува над Македонија. Се што ни се случуваше овие 2 години сега станува јасно, рече Груевски.
Важно е овој пат, додаде тој да не оставиме некој да не не слушне и да не го слушне повикот и важноста од овие избори за иднината на државата,
-Важно е да се сплотиме и да не дозволиме да бидеме жртва преку целта која СДСМ и Заев сакаат да ја остварат. Целта е комплетно редефинирање на Македонија и претворање на држава на кантони и федерални единки кои ќе имаат за цел распарчување и одделување од Македонија. Не викаат насекаде во Македонија, рече Груевски.
Струга, Кичево дел од Скопје, Тетово, Гостивар најдобро ги знаат искуствата и ги почувствувале на своја кожа.
-Македонија не смее да биде нечиј експеримент. Вие од Ресен ќе докажете бидејќи знаете што се последниците. Тоа најдобро ќе го покажеме со излагање да гласате на 11 декември, со гласање против федерализација и канонизација и глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, односно глас за суверен унитарна Македонија, рече Груевски.
Индустриската зона во Струмица за која Заев ветуваше илјадници вработување е празна ливада
Зошто Зоран Заев не донесе една инвестиција во Струмица, праша денеска Груевски.
Заев, вели дека се иселувале од Македонија оти немало работа и тврди дека ќе ги задржи луѓето во Македонија, подвлекува Груевски и додава:
-Вели дека ќе им овозможел да работат и им ветува 500 евра плата. Па што не ги задржи во Струмица, каде што 15 години е градоначалник. Постојано се иселуваа луѓе од Струмица. Што не донесе една инвестиција. Во неговата програма ветуваше за Струмица дека во индустриската зона која таму требаше да се прави ќе отворел не знам колку илјади работни места . една фабрика не донесе таму, а денеска на сите граѓани им ветува дека толку многу фабрики ќе донел, што никој нема да замине од Македонија. Кого лаже? Кого мисли дека потценува праша Груевски.
Тоа, додаде тој, се лажги со опашки, а опашките се во Струмица.
-Го слушам аболицираниот криминалец Зоран Заев деновиве зборува дека ние сме биле 10 години на власт,а тој е 11 години на власт во Струмица. Прашај