Ќе се обидам да составам влада, но не по секоја цена. Ако се оди по досегашните установени принципи во Македонија, би требало да составам влада. Ако се прекршат, с` е можно, вели во интервјуто за „Дневник“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод платформата што ја објавија албанските партии од Македонија, а чие исполнување е услов за тие да коалираат со една од двете македонски партии во идната влада. Еве неколку сегменти од интервјуто кое со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го водеше Дарко Јаневски и кое што ќе излезе во утрешниот број на весникот.Помеѓу албанските партии се креира заедничка платформа за настап. Се создава атмосфера овој пат да не коалираат со ВМРО-ДПМНЕ?
-Да, повторно таа атмосфера како и во минатото и сега се создава од медиумите и лицата што водат или припаѓаат или се соработници на НВО финансирани од Институтот отворено општество. Вмешувањето на некои странски политичари и дипломати во приказната е дел од истата операција, водена од еден центар. Сепак, одлуката ќе биде наша, на ДУИ и на другите партии, и никој нема право да каже дека некој друг му сугерирал или му вршел притисок затоа што на крајот финалната одлука е наша.
Многу албански политичари и аналитичари тврдат дека албанскиот електорат посакува влада водена од СДСМ со албанските партии.– Во 2008 година македонскиот електорат, особено вмровскиот, не сакаше коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, па таа се случи најмногу затоа што Албанците во Македонија сакаа ДУИ да ги застапува во владата.Но овој пат и албанските медиуми се на ист став…-Да, исто како во 2008 кај македонските медиуми.
Велат и членството на ДУИ не сака коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
-Не знам дали така размислува членството на ДУИ, но знам како размислуваше членството на ВМРО-ДПМНЕ во 2008, па донекаде и во 2011 и 2014. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ тогаш се одлучи да коалира со ДУИ, затоа што беше очигледно од изборите дека мнозинството граѓани Албанци сакаат ДУИ да е во владата.
Не беше така во 2006 година?– Во 2006 година не ни можеше да биде поинаку кога не само што воопшто не се познававме туку с` уште беа свежи нашите спротивставености од времето на конфликтот во 2001 година, кога бевме на две спротивни завојувани страни. Сепак, и ние политичарите, но подоцна и нашите електорати најдовме сила да ги надминеме тие предизвици.
Сепак, ДУИ може да донесе поинаква одлука…
-ДУИ има право да донесе каква сака одлука. Исshy;то како и ние.
Сакате да кажете вие во иднина не би коалирале со нив ако сега донесат одлука да не одат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ како партија која доби најмногу гласови и пратеници?-Мислев генерално дека секој си носи одлука самиот, но ако сакате ќе одговорам и на ова прашање. Ако сега ДУИ отиде во коалиција со втората, наместо со првата партија, со поразениот наместо со победникот, секако дека тоа ќе значи воспоставување една нова практика и традиција во Македонија, на која ние секако ќе се приспособиме, не само сега, туку и во иднина.
Значи, сакате да кажете дека ако сега ДУИ не коалира со ВМРО-ДПМНЕ како победник, на следните избори ако победите нема да ги земете во владината коалиција.-Ако ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија биде изиграна од ДУИ, независно кои ќе бидат причините за тоа, бидете убедени дека наскоро, ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата во владата и тоа најмалку два мандата по ред. И ќе бидеме без каква било обврска при составувањето на владата.
Како и да е, шест албански партии, односно три партии и една коалиција составена од три партии, излегоа со заедничка платформа.– И ние и во минатото и сега, и во иднина ќе бидеме приближно 25 партии во коалиција со заедничка платформа. Ако сакаме да ја играме играта со платформи, нема проблем, така ќе тераме отсега.
Ахмети изјави дека за него најважни се интересите на Албанците и платформата на сите албански партии?– За мене најважни се интересите и на Македонците и на сите граѓани на Македонија, вклучувајќи ги и Албанците. Инаку, верувам дека се свесни дека во коалиција со СДСМ, платформата која им ја составуваа, политички може да му помогне најмногу на СДСМ кај албанскиот електорат.
А зарем нема да им помогне на Албанците во Македонија?– На Албанците во Македонија нема да им помогне ако имаат двојазичност на цела територија, вклучувајќи ги и Делчево, Берово, Гевгелија или Кавадарци. Ним може да им помогне ако во наредните четири години се отворат уште 100 или 150 нови фабрики, и се вработат илјадници луѓе, ако стандардот почне да расте и имаат поубав и поквалитетен живот, ако пораснат пензиите, платите, субвенциите, социјалната помош, ако се изгради потребната инфраструктура, ако добијат поддршка за градба на куќи, ако се направат многу реформи и земјата се придвижи напред.
Помеѓу албанските партии се креира заедничка платформа за настап. Се