Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес на фудбалското игралиште во Аеродром играше партија фудбал со пријателите.
Со оглед на тоа дека во државава владее фудбалска треска и фактот дека Груевски е вљубеник во овој спорт успеавме да го прашаме кои се неговите фаворити на фудбалскиот Европски мундијал ЕУРО 2016та што се одржува во Франција.
Тој ни одговори дека стандардно навива за Германија, како репрезентација која покажува неверојатна дисциплина, упорност, тврдина и цврста игра, силна психолошка подготвеност и борбеност во текот на целиот натпревар, фудбал кој трае до последната минута без одолговлекувања и предавање. Речиси секогаш се најмногу од сите физички подготвени и играат со добро осмислена стратегија до последната секунда независно на резултатот. Најчесто немаат некоја ѕвезда и играат тимски, а и кога имаат, ѕвездите се однесуваат скромно и соодветно и никогаш не се потпираат на еден или два играчи, туку целиот тим функционира како едно.
-Но, на листата на мои фаворити ова првенство е и Белгија како фудбалска репрезентација која преставува помала земја, само малку поголема по територија од Македонија, и која е пример како преку континуирани стратешки вложувања и инвестиции во инфраструктура за фудбал, но и се друго што е потребно, како и залагања особено во последните 20 години, достигна врвно ниво во светот на фудбалот со не еден туку најмалку два првокласни и врвни репрезентативни тимови на играчи кои играат во најпознатите светски клубови. Белгија е доказ дека во фудбалот, ако паметно и стратешки се работи независно на големината на земјата може да се дојде до врвни фудбалски резултати. Тоа е за почит, изјави Груевски за Курир.
Инаку фудбалот со пријателите е редовна практика на Груевски.
-Тоа е добра можност за дружба со пријателите, често доаѓаат познаници, пријатели на пријатели кои дознале дека ќе играме фудбал и сите се добредојдени. Најчесто зборуваме за теми кои се поврзани со спортот, но повремено и за други актуелни теми во светот, ни посочи Груевски.
Инаку присутните ни посочија дека сите се еднакви на теренот, се игра тврд фудбал, а дека Груевски има одлично чувство за гол и дека добро игра фудбал и министерот Диме Спасов кој во минатото тренирал во Работнички, Тодоров кој освен фудбал често е и на баскет, пливање и карате. По ништо не заостануваат и помладите како заменик министерот за информатичко општество и администрација Муцински, како и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Неловски кој во минатото играше активно фудбал во Вардар и Тетекс. Секогаш на двете страни има врвни голмани, а во тимот на Груевски доминираат поранешниот репрезентативец Филевски и познатиот Пандо кој долго години бранеше за македонската футсол репрезентација.
Завидни резултати како голман има покажано и Зоран Поповски директорот на агенцијата за храна и ветерина кој бил ракометен голман. Еден од најзагреаните за фудбал во тимот е популарниот Брицо, кај кој повеќе од 20 години на шишање во Капиштец оди Груевски. но и Никола Тодоров, Никола Поповски, Владо Бучковски и повеќе други јавни личности. Брицо е страствен навивач на Милан од Милано, па дури и неговиот син го крсти по името на омилениот клуб. Натпреварот во скопски Аеродром денес заврши со 4:0 од кои 3 гола за победничката екипа постигна Груевски, по претходни одлични асистенции на луѓето од неговата екипа. Често пати по натпреварот знаат да се соберат на сок или пиво во некој најблизок кафич, да ги сумираат импресиите од натпреварот.
Груевски покрај фудбал, понекогаш со пријателите игра и баскет, а во студентските денови има тренирано и бокс. Ужива и во возење на велосипед, пливање во базен и пешачење. Велат дека секоја можност кога може да испешачи наместо да оди со автомобил не ја пропушта.Со оглед на тоа дека во државава владее фудбалска треска и фактот дека Груевски е вљубеник во овој спорт успеавме да го прашаме кои се неговите фав