Груевски: На Македонија ѝ требаат 63 пратеници кои ќе ја бранат сувереноста на оваа држава

-Драги пријатели, сите народи и држави носат поедини историски одлуки и во даден временски период убедени дека тоа е од значење за нивниот народ за нивната историја и иднина, свесни дека освен тоа што го трасираат патот на развој на сопствената држава тие покажуваат на светот дека достоинството и љубовта кон сопствената држава немаат цена, и дека без разлика на сите можни притисоци кои ги имаат од поголеми од нив, тие секогаш ја бираат сопствената држава, затоа што тие најдобро знаат што е од нејзин и нивни интерес, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.-Овие избори се референдум во каква Македонија сакаш да живееш! На овие избори народот референдумски ќе одлучи во каква Македонија сака да живее и ќе испрати порака до сите оние кои во овие две години се занимаваа со нас, до сите оние кои сакаа со сценарија да ни ја срушат државата, да ни ја прекројат, да ни ја преуредат по нивни терк, да наметнат нешто друго, нешто што е нивни интерес, а не интерес на овој народ. На овие избори референдумски македонскиот народ и сите други народи и граѓани ќе им одговориме кој е кој во оваа држава, чија е оваа држава, дека ова е држава на овој народ што живее тука на овие 2 милиони луѓе, на македонскиот народ, но и на Албанците, Турците, на Ромите, Србите, Бошњаците, Власите, на сите други останати а не на нечија друга за да си поигрува со нашите чувства, нашите емоции, со нашите животи.  Ако веруваш во Македонија, гласај против сценаријата кои и се кројат на државата со двојазичност, и воспоставувањето на нова држава без идентитет и без суверентитет! Затоа ни се потребни ни се 63 места во парламентот, 63 пратеници кои ќе гарантираат дека овие сценарија нема да успеат, 63 пратеници кои ќе ја бранат сувереноста на Македонија, 63 пратеници кои се суверенисти кои сакаат унитарна држава, 63 пратеници без кои нема да може да се справува како што треба, потенцираше Груевски.
Тој исто така посочи и дека овие избори се важни бидејќи во прашање е Македонија. Овие избори треба да се одговор на народот кон сите кои сакаат однадвор да и скројат капа на државата и го одбраа Зоран Заев за нивен инструмент. Тие нему му ветуваат дека ќе му помогнат за премиер, тој ним на преуредување на државата за двојазичност на целата држава, за федерализација и кантонизација. А знаете ли што доаѓа по федерализација на државата? Доаѓа распаѓање на државата и одвојување на тие федерални единки и на тие кантони. Тоа е она за тоа што оној човек се бори и се нафатил се со цел насила да стане премиер и да извршува едно вакво сценарио со кое веќе две години малтретираат цел народ во Македонија вели тој.
-Сега е моментот за одговорот. Ова е тоа време. Сега му е мајката за громогласниот одговор на народот. Ова е Македонија! Ние ке го покажеме тоа на 11-ти декември!!! Во времиња на кризи и предизвици Македонија и нејзините граѓани зависат од стабилна Влада која може чисто да размислува, која треба да направи добра проценка, која може да носи одлуки какви што сака народот, а не какви што сака некој друг. Потребен е само еден погресен потег, само еден, само едно виткање на кичмата или воведување двојазичност и федерализацијаи готово е со државата. Затоа мора сите заедно, да им покажеме што значат исправени и горди кичми, да го видат вистинското лице на нашиот народ, стаменоста, одлучноста и љубовта која сите ние ја имаме кон нашата татковина. Ова е повик до сите граѓани на Македонија, до сите, ајде да се обединиме и да се спротиставиме на сценаријата кои нудат неизвесност и нови поделби, да се обединиме околу напредокот и конкретното подобрување на животот, а не околу идеи за делби и политики на нестабилност од опозицијата. Ова е Македонија, ова е наша заедничка татковина и сите заедно ќе продолжиме по патот на успехот и напредокот!, потенцираше Груевски.
-Походот тргнува денеска од Охрид, продолжуваме низ цела Македонија за да се слушне нашиот глас, да се покаже како се сака Македонија, сите заедно тргнуваме во овој наш поход исправени пред историската одговорност која ја имаме и не смееме да ја прокоцкаме, да покажеме дека треба и зошто треба да се гласа за нас, но и дека гласањето за друг, кој и онака не може да влезе во Парламентот, или ќе постапи спротивно на државните интереси, е само прокоцкан глас и оди во прилог на намерите на тие кои смислиле да се раздвои македонското ткиво за да може полесно да го управуваат. Но знам дека ние нема да го дозволиме тоа. Знам и го гледам тоа во вашите очи, како што го гледам во очите на нашите сограѓани кои ги среќавам секој ден. Запаметете, ние сме Македонци и ние не се криеме од историјата, ние создаваме историја! Да сте здрави и живи, да е вечна идејата за самостојна, суверена и независна Република Македонија, држава на сите нејзини граѓани, кои ја сакаат и кои знаат што е подобро за нив и за нивната држава!!!! Да живее ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.Одиме на голема победа, на историски важна победа. Да сте здрави и живи, истакна Груевски.-Овие избори се референдум во каква Македонија сакаш да живееш! На овие избори народот референдумски ќе одлучи во каква Македонија сака д

Пронајдете не на следниве мрежи: