Уште 9-10 дена до крајот на кампањата, а потоа следи историска победа. Победа за оние кои ветуваат и исполнуваат, победа за оние кои им помагаат на земјделците, за оние кои прават реформи во сите сфери, победа за оние кои сакаат да ја внесат земјата во ЕУ и НАТО…, победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, победа за Република Македонија.Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица Никола Груевски, на вечерашниот митинг во Виница.
-11 декември ќе биде денот кога СДСМ ќе го прокнижи 10-от пораз. Десетиот по ред пораз од мнозинството граѓани на Македонија.
Последно, додаде Груевски, што слушнав е дека СДСМ веќе престанале да ги убедуваат членовите дека ќе победат, сега имаат најнова теорија и им велат на членовите: не се секирајте нема да победиме, ама нема ни многу да изгубиме и ќе влеземе во широка коалиција во Владата.
-После се што направија, СДСМ сега се во депресивна состојба и затоа им продаваат таква приказна на своите членови. Паралелно се обидуваат да ги убедат и странците за широка коалиција- дека тоа е добро. Замислете со што се знаимаваат СДСМ, наместо да се доближат до народот.
Груевски им порача на СДСМ: Разликата нема да биде 7-8 пратеници, ќе биде огромна победа, после која ќе им биде срам да помислат за широка коалиција. Нашиот народ тоа нема да го дозволи. СДСМ нема веќе да може да ја уназадува земјата. Широка коалиција на овој народ не му треба, па дури и да имаат исти број на гласови, а тоа нема да се случи. Нека си фантазираат, нека си ги лажат членовите.
Груевски изрази надеж дека народот ќе обезбеди 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
-Разликата ќе биде огромна, но многу е важно да биде со 63 места во Парламентот. На овој народ му треба крај на кризата и стабилна Влада.Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица Никола Груевски, на вечерашниот митинг во Виница