четврток, 26 ноември 2026
Најново

Груевски на Самит на Европската народна партија во Брисел

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Централен настан од тридневната посета на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на Брисел е Самитот на Европската народна партија (ЕПП), најбројната пратеничка група во Европарламентот, чија придружна членка е и ВМРО-ДПМНЕ, а кој се одржува точно на пладне.На овој Самит на ЕПП, кој се одржува во Кралската академија на Белгија, покрај Никола Груевски, присуствуваат и Туск, челникот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани. Исто така, најавено е и присуство на Ангела Меркел (канцеларка на Германија), како и на премиерите Маријано Рахој (Шпанија), Никос Анастасијадис (Кипар), Клаус Јоханис (Романија), Бојко Борисов (Бугарија), Виктор Орбан (Унгарија), Андреј Пленковиќ (Хрватска) и Лео Варадкар (Ирска).
Попладнево, пак, Никола Груевски има закажано билатерална средба со известувачот за Македонија во Европарламентот, Иво Вајгл.
 
Присуството на настанот со челниците на Европската унија, како и неговите билатерални средби со првите луѓе на ЕУ, Груевски и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да го искористат за унапредување на соработката што неговата партија ја има со истите, како и за забрзување на македонските евро-атлантски интеграции, со оглед на тоа што агендата за итно членство на Македонија во Унијата и НАТО е врвен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство.

На овој Самит на ЕПП, кој се одржува во Кралската академија на Белгија, покрај Никола Груевски, присуствуваат и Туск, челникот на Европската

Поврзани вести