Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денес 20 мај 2016 година, оствари средба со пратеникот од британскиот парламент Марк Причард кој доаѓа од Конзервативната партија.Соговорниците разговараа за повеќе актуелни теми врзани со актуелната политичка криза, начините и модалитетите за нејзиното надминување, прашањата поврзани со состојбата на мигрантите како и евро-атланските интеграции на државата.
Претседателот Никола Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон разгледување на различните решенија и можности кои ќе придонесат за надминување на кризата и враќање на патеките на напредокот и остварувањето на позитивни економски резултати.
Соговорниците се согласија дека потребна е стабилност, која е предуслов за остварување на прогрес во сферите кои што се во интерес и на државата и на граѓаните.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски истакна дека стратешки интерес на државата останува членството во ЕУ и НАТО, при што се превземаат сите неопходни мерки поврзани со акцискиот план и извештајот на Прибе.
Во однос на мигрантската криза, Груевски истакна дека Република Македонија го дава својот придонес во надминување на предизвиците, додека решенијата треба да бидат плод на заеднички ангажман на државите кои што чувствуваат влијанието на кризата.
Британскиот парламентарец Причард истакна дека ја дава својата поддршка за враќање на стабилноста која што ќе ја врати државата на старите патеки на економскиот раст и продолжување на одличните економски достигнувања на Владата на Република Македонија.
Причард во однос на работата на СЈО истакна дека нејзините активности треба да бидат базирани на докази, а не врз основа на тврдења кои кружат во јавноста.
Во однос на мигрантската криза, британскиот парламентарец изрази благодарност до државата за сите преземени активности во поглед на надминување на актуелните предизвици, посочувајќи дека таквиот ангажман претставува огромна помош во надминување на предизвиците.Соговорниците разговараа за повеќе актуелни теми врзани со актуелната политичка криза, начините и модалитетите за нејзиното надминување, прашањата