Претседателот на Владата Никола Груевски денеска престојуваше во работна посета на Охрид.Заедно со министерот за здравство ги посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, чија целосна реконтрукција и проширување е во тек.
– Реконструкцијата на болницата „Свети Еразмо е инвестиција на Владата односно Министерството за здравство вредна 215 милиони денари. Се работи за темелна реконструкција на објектот, а во еден дел и доградба, односно ставање во употреба на нови пет илјади метри квадратни, градба отпочната некаде во 80-те години на минатиот век, рече премиерот Груевски
Тој појасни дека во новата целосно реконструирана болница ќе биде преместен и Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“.
– Станува збор за сериозен зафат, каде со доградбата ќе се смести и кардиолошкиот завод, што на овој начин ќе добие доволно голем простор за проширување на дејноста во иднина и воведување нови методи, додека целосно ќе бдие реконструиран и постојниот објект каде е сместена болницата „Свети Еразмо“, рече Груевски, најавувајќи дека согласно договорот со изведувачот предвидено е работата целосно да биде завршена за 18 месеци односно да биде ставен во употреба некаде кон средината на 2017 година.
Заедно со министерот за здравство ги посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, чија целосна реконтрукц