Груевски најави изградба на нов автопат!

Во Кичево ќе го доизградиме и пуштиме во употреба автопатот Кичево- Охрид во првата половина на 2018 година, во должина од 57 километри, инвестиција вредна 370 милиони евра. Најдолгиот тунел во Македонија во должина од 2 километри ќе се изгради токму на оваа траса.Ова, пред кичевчани го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица.
-Ветуваме изградба и на нов автопат Кичево- Гостивар, во должина од 42 километри. За реализација на истиот ќе се инвестираат 350 милиони евра. Меѓувремено, ќе го реконструираме магистралниот пат Кичево- Гостивар, затоа што додека се изгради новиот луѓето треба да се движат по безбеден пат. Сегашниот пат Кичево- Гостивар целосно ќе се реконструира, а паралелно ќе се гради нов автопат и ќе ги обновиме сите 5 мостови на оваа делница што сега е меѓу Гостивар и Кичево во должина од 28 километри, инвестиција вредна 8,6 милиони евра, за обнова на мостовите и за реконструкција на сегашниот пат Гостивар- Кичево.
Да нема забуни, додаде Груевски, истовремно реконструкција на сегашниот пат Кичево- Гостивар, тоа е сега брзо ќе почне и паралелно подготовки и почеток на градба на автопат Гостивар- Кичево.Ова, пред кичевчани го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица.
-Ветувам

Пронајдете не на следниве мрежи: