Груевски најави низа проекти во Струмица

Имаме како и секогаш нова понуда, не бараме да не изберат на стара слава затоа што сме го правеле во минатото. Тоа треба само да го имаат во предвид сите граѓани кога размислуваат кој држи до дадениот збор, кој повеќе работи, кој повеќе создава, кој има програма која ја реализира бидејќи секој може да ја напише, но дали таа е издржана и реална и остварлива.Ова денес по средбата со струмичани го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ 4 Никола Груевски.
-Предвидуваме нов затворен базен со ватерполо димензии за Струмица и струмичани, за младите луѓе. Во Струмица планира да изградиме и пречистителна станица за 54.000 жители за што ќе се инвестираат 7 милиони евра. Ќе се реконструираат и неколку патиштата, ќе се изгради и фекална канализација за Дабиле, Добрејци, Просениково. Ќе се набават 125 нови медицински апарати за болницата и здравствениот дом. Градбата на започнатата општа болница како што тече со добра динамика ќе продолжи да се гради и да се заврши, а ќе изградат и 41 стан за лица кои се од социјално ранливи категории, посочи Груевски.
Тој истакна дека нови 600 милиони евра се планирани за македонскиот земјоделец во наредните четири години.
-Во делот на земјоделение се планира да се прошири и обнови постоечката каналска мрежа на хидросистемот Турија со што ќе се опфатат повеќе општини, освен Струмица, Василено, Босилово, Ново Село. Ќе се изгради и магистралниот гасовод. Струмица ќе добие гас по цевковод, а не оној скап гас што се носи со цистерни, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски нагласи дека одат на победа, а Македонија ќе успее да остане суверена и унитарна.Ова денес по средбата со струмичани го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ 4 Никола Груевски.
-Предвидувам

Пронајдете не на следниве мрежи: