Предвидуваме 600 милиони евра за поддршка на македонските земјоделци преку субвенции и други проекти во земјоделието. Секоја година по најмалку 150 милиони како што веќе почнавме да го правиме тоа откако ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дојдоа во владата, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски од Струга.Во програмата „Реално“ е предвидено зголемување на субвенциите од 50 на 60 отсто за набавка на трактори, механизација, опрема и подигање насади.
-Со 80 отсто ќе ги финансираме инвестициите во системите за наводнување „капка по капка“ и ископ на бунари. Планираме изградба на преку седумдесет канализациски и водоводни системи, се со цел да го подобриме квалитетот на живеење и многу други проекти, рече Груевски.
Во својот говор се осврна и на проектот Рурални развојни зони.
-Секој еден кој во следни 5 години ќе изгради нова фабрика, погон, индустриски капацитет или хотел сонад 20 соби, во било кое село во Македонија, ќе добие можност на иста и подобра понуда од оние воТИРЗ. Струга има и урбан и рурален дел, сите населени места ќе бидат места кои ги опфаќа овој закон, секој граѓанин на Македонија или странец, што ќе изгради капацитет ќе добие привилегии: Првите 10 години ослободување од ДДВ, персонален данок на доход, 50% ослободување од придонеси за здравствено и пензиско осигурување. За секој од нив вработен ќе добие 2000 евра од државата а за секој вработен стечаец по 4000. Плус изградба на комуналии, пат и сл. Македонија станува целата технолошко индустриска зона во наредните 5 години, порача Груевски.
Ваква можност, додаде тој, нема никаде во светот.
Во програмата „Релано“ планирано е да се стимулира рестартирањето на фабриките кои се затворија за време на транзицијата во 90-те.
–Оној кој ќе ги рестартира ќе добие сериозна финансиска помош преку различни инструменти. Нема да плаќа придонеси, исто така ќе добие помош од 2000 евра за секое ново вработување и по 4000 евра за секој вработен стечаец. Вакви фабрики има во секој град има и тука во Струга. Секој кој ќе ги рестартира ќе добие ќе добие 10% од парите кои ќе ги вложи назад, рече Груевски.
-Во програмата имаме и дел односно проекти посветени на Струга. Ветуваме дека ќе се заврши изградбата на автопатот Кичево – Охрид, во должина од 57 километри, инвестиција вредна над 370 милиони евра и ветуваме дека во наредниот мандат ќе започнеме градба на автопатот помеѓу Кичево и Гостивар кој што е важен за туризмот во Струга и за стружани што почесто патуваат кон Скопје, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Струга.
Тој посочи дека ќе се отпочне и ќе се заврши изградбата на автопатот Требеништа -Струга.
-Значи автопат, не експресен, шест ленти автопат од Требеништа до Струга. Ќе направиме и целосна реконструкција на регионалните патишта, од Струга-Драслајца-Биџево-Татеши и Бороец–Јабланица, со вкупна вредност од преку 48 милиони денари. Ќе реконструираме и изградиме локални патишта меѓу кои: Мороишта-Мислешево, Р1201- Лабуништа, стар пат Враништа, улици во Ложани, улици во Драслајца, патот Мали Влај до магистралниот пат. Ќе го доизградиме цевководот за фекални води од населените места Ложани, Биџево, Ново Село, Ливада, Корошишта, Џепин и Делогожда, со вкупна вредност од околу 59 милиони денари. Предвидуваме изградба на канализациски системи за Драслајца, Радожда, Враништа и Ложани, сето ова во наредните 4 години, сето ова во програмата Реално за наредните 4 години, истакна Никола Груевски.
Тој потенцираше дека ќе се набават 111 најсовремени медицински апарати кои ќе ги модернизираат Општата болница во Струга, Завод за нефрологија и Здравствениот дом во Струга, во износ од 950 илјади евра.
-Значи околу еден милион евра за набавка на 111 нови парчиња медицинска опрема за овие три здравствени установи, за стружани и за регионов. Предвидуваме почеток на градба на Магистрален гасовод Битола – Ресен – Охрид – Струга со кој природниот гас ќе стане достапен и за граѓаните на Струга, преку изградба на примарен цевковод низ кој што ќе оди гас и ќе доаѓа до овие населени места вклучувајќи ја и Струга. Планираме да отвориме три детски градинки во Општина Струга, од кои едната градинка планирано е да се отвори во населено место Боровец. Ветуваме доизградба на водоводен систем во населено место Пискупштина. Комплетно ќе го реконструираме подрачното училиште „Јосип Броз Тито“ во населено место Радожда, како и подрачното училиште во населено место Јабланица. Започнавме со изградба на спортска сала во состав на основното училиште „Јосип Броз Тито“, а предвидуваме изградба на спортски сали во средното училиште „Нико Нестор“ и во основните училишта „Гоце Делчев“ во Подгорци, „Јосип Броз Тито“ во Враништа, „Асим Агуши“ во Радолишта и „Зини Хани“ во Велешта. Предвидуваме развој на Авто Кампот Ливадиште и инвестиции во збогатување на туристичката понуда во овој авто-камп во висина од над 300.000 евра. Целосно ќе го реконструираме постоечкиот пливачки базен во Струга. Целосна и темелна реконструкција и ставање во функција повторно за стружани и за регионот. Планираме санација на спортско игралиште во населено место Ложани и изградба на ново спортско игралиште во населено место Мислешево, како и изградба на 3 кошаркарски игралишта во Струга и многу други проекти кои може да се видат во програмата Реално, истакна Никола Груевски на митингот во Струга на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.Во програмата „Реално“ е предвидено зголемување на субвенциите од 50 на 60 отсто за набавка на трактори, механизација, опрема и подигањ