Намалување на ДДВ-то од 18 на 5 отсто, низа даночни поволности во повеќе области, целосна обнова на возниот парк на Македонски железници, нов експресен пат од Битола до Меџитлија и обнова и реконструкција на влезовите во Битола, како и 79 милиони евра за изградба на експресни и регионални патишта, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната конвенција на која беа претставени носителите на листи и кандидатите за пратеници на Коалицијата „За подобра Македонија“ на претстојните парламентарни избори.– Денеска најавувам четири нови проекти од нашата програма. Ќе ја продолжиме политиката на ниски даноци и ослободувања од оданочување и намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 отсто за повеќе нови категории на производи и услуги при што покрај намалувањето за печки и котли на пелети и на пелетите за греење, ќе извршиме намалување на ДДВ на 5 отсто на ветеринарните лекови, на услугите на ветеринарните друштва, рече Груевски.
Ќе има намалување на ДДВ-то, додаде и за влез на спортски натпревари, за изнајмување на спортски објекти, а ќе има ослободување од царински давачки и ДДВ за специјални такси возила за превоз на лица со инвалидност и намалување на акциза за „намешани“ биогорива.
– Ќе извршиме ослободување од плаќање на увозни давачки за државјани на Република Македонија кои живеат во пограничен појас, за производи добиени од нивните имоти, порача Груевски.
Најави и целосно обновување на возниот парк на Македонски железници. – Новата влада ќе работи на целосна обнова на возниот парк на Македонски железници. Се планира да се набават вкупно 5 возови и тоа: 3 нови дизел моторни возови и 2 нови електро-моторни возови за што ќе инвестираме 22,5 милиони евра. За поефикасен транспорт на стока и патници, а во рамките на проектот за обнова на возниот парк ќе се набават и три нови електрични локомотиви за што ќе инвестираме нови 7 милиони евра, рече Груевски.
Објави дека ќе се гради и нов експресен пат од Битола до граничниот премин Меџитлија, како и модернизација и реконструкција на влезовите во Битола. – За сето тоа ќе инвестираме нови 10 милиони евра, а работите ќе почнат наредната 2017 година и ќе се одвиваат до 2020 година, прецизира Груевски.
Освен изградбата на експресниот пат Штип Радовиш, и реконструкција на автопатска делница Неготино – Демир Капија, ќе се изврши и обнова на регионалниот пат Струмица – Попчево – Белотино – Рич – Конче, на регионалниот пат Нов Дојран – Фурка, на регионалениот пат Гевгелија – Богданци – Фурка, на регионалниот пат Прилеп– Боротино, на регионалните патишта Прилеп – Битола, како и патот Гевгелија – Смоквица.
– Ќе ги обновиме и регионалните патишта Струмица – Ново Село, Неготино – Кавадарци, како и Росоман – Кавадарци. Севкупната проценета инвестиција на овие патишта е 79 милиони евра за експресни и регионални патишта за градовите и населените места во 4-та изборна единица, рече Груевски.– Денеска најавувам четири нови проекти од нашата програма. Ќе ја продолжиме политиката на ниски даноци и ослободувања од оданочување и намал