Груевски најави отворање на агроберза во реонот на Демир Капија и Неготино

Решавање на двете најважни животни прашања – вработување и сопствен дом преку реализација на „Купи куќа за млади“ до 35 години и за над 36 години, отворање нови 70.000 работни места преку привлекување странски инвеститори стимулирање на домашните, рестартирање на некогашните фабрики кои во моментов се под стечај, отворање голема агроберза…, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната средба со граѓаните на Демир Капија.– Изградбата на агроберзата во реонот на Демир Капија и Неготино е инвестиција од околу 20 милиони евра која треба да ја подобри трговијата со земјоделски производи и да ги намали неправилностите и малверзациите кои им се прават на производителите со намалување на откупните цени. Тука ќе можат да се донесат земјоделски производи од цела Македонија, а откупувачите оттука да изберат и да кажат коплку од кој производ купуваат. Предвидено е да може и откупувачи кои не се присутни на берзата компјутерски да ја направат купопродажбата, рече Груевски.
Според него, изградбата на оваа агроберза треба да отвори и нови работни места во овој регион и ќе биде многу значајна и за Демир Капија и за Неготино.
Втор значаен проект во зголемувањето на вработеноста, додаде Груевски, е и рестартирањето на фабриките кои во моментов се во стечај при што државата на оној инвеститор кој ќе се одлучи да рестартира таква фабрика ќе му помогне со повеќе поволности – 10 отсто грант за износот потребен да ги реновира и опреми, неколкугодишно ослободување од данок на добивка и персонален данок и 50 проценти намалување на надоместоците за пензиско и здравствено осигурување. Инвеститорот ќе добива и грантови од 2.000 евра за секое вработување или 4.000 евра доколку нововработеното лице е стечаец.
Многу значаен проект, рече Груевски пред жителите на Демир Капија, се и руралните развојни зони со кој се планира секое населено место до 10.000 жители да стане слободна економска зона, односно инвеститорите кои ќе одлучат во такво место да инвестираат да ги добијат истите услови што ги имаат инвеститорите во технолошко-индустриските развојни зони.
– Секој кој во наредните пет години ќе изгради погон, фабрика, хотел, земјоделско-дистрибутивен центар или каков било друг бизнис и ќе вработи луѓе 10 години, ќе биде ослободен од плаќање данок на добивка и од персонален данок, а во истиот период ќе добие и 50 процентно намалување на придонесите за пензиско и здравствено осигурување. Владата ќе му даде грант во висина од 10 проценти од износот потребен за изградба накапацитетот. За секое ново вработување ќе добива по 2.000 евра, а 4.000 евра ако новото лице е стечаец, истакна Груевски.
Појасни дека единствениот услов што е потребен за да се добијат поволностите е лицата да бидат невработени и најмалку шест месеци да бидат пријавени во Агенцијата за вработување. Само 20 проценти од лицата кои инвеститорот ќе ги вработи може да биле претходно вработени или да работат со што, според него, ќе се спречи нелојалната конкуренција, односно да бидат преземани работници од фирмите кои веќе работат и плаќаат давачки.
Според Груевски, зголемувањето на вработувањето преку вакви проекти ќе значи и зголемување на платите зашто ќе нема доволен број лица кои би биле вработени па инвеститорите би сакале да ги преземат од други фирми поради што и ќе треба да им понудат поголема плата.
Тој ги спомна и проектите кои досега се реализираа, а имаа цел намалување на невработеноста и притоа потенцира дека од 2006 година кога невработеноста изнесувала 38,7 проценти, таа сега е намалена на 24 проценти. За тој период бројот на вработени од 560.000 е зголемен на 720.000 вработени. Во наредните четири години, додаде Груевски, со новите планирани 70.000 вработувања се планира невработеноста да се намали на околу 17 проценти.
Тој се осврна и на проектот „За враќање од град во село и за отворање бизнис“ потенцирајчи притоа дека некои од поволностите на овој проект се тоа што се добива грант од 6.000 евра за купување куќа, 18 месеци поддршка по 15.000 денари, добивање земјиште, пасиште, добиток…
Како второ значајно прашање на кое ќе работат Груевски ги спомена и проектите „Купи куќа за млади до 35 години“, и „Купи куќа за лица над 36 години“. Во рамки на проектот „Купи куќа за млади“ државата, како што рече Груевски, во период од осум години покрива 80 проценти од ратата за земениот кредит и во наредните три години 50 проценти од ратата. Доколку нема за учество, објасни, државата наместо исплата на ратите може да му го обезбеди учеството во висина до 12.500 евра.
Во рамки на проектот за над 36 години, додаде Груевски, предвидено е оној кој ќе земе кредит државата седум години да субвенционира 65 проценти од ратата и во наредните три години 35 проценти, а ако нема средства за учество да добие директни неповратни средства исто така во висина до 12.500 евра. На ваков начин, рече Груевски, доколку некој земе кредит во висина од 30.000 евра, околу 20.000 евра им ги обезбедува државата, односно ако земе кредит од 50.000 евра, 300.000 евра им се од државата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред жителите на Демир Капија најави и завршување на автопатот Демир Капија – Смоквица до Нова година и официјално пуштање во употреба до мај наредната година, реконструкција на патот Неготино – Демир Капија и повеќе други регионални и локални патишта, изградба на обиколницата околу Демир Капија, нова детска градинка, реконструкција на училишта и Културниот дом во градот, како и изградба на магистралниот гасовод од Неготино до Демир Капија со што и Демир Капија, како што рече, ќе добие гасовод.– Изградбата на агроберзата во реонот на Демир Капија и Неготино е инвестиција од околу 20 милиони евра која треба да ја подобри трговијата с

Пронајдете не на следниве мрежи: