Полска компанија ќе инвестира во изградба на фабрика за производство на хидраулични масла во Неготино, со што ќе се отворат 100 нови работни места, изјави денеска пред жителите на Долни Дисан лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратениците на Коалицијата за подобра Македонија Никола Груевски.– Вчера компанија од Полска ми потврди дека донеле одлука да инвестираат во Македонија за производство на хидраулични масла и други масла за подмачкување и тоа да биде токму овде во Неготино. Ќе отворат најмалку 100 нови работни места и ќе инвестираат најмалку 10 милиони евра, тоа е за почеток, а потоа имаат и развојни планови за проширување, рече Груевски пред Долнодисанци на последниот ден од изборната кампања.
Тој презентираше и низа проекти со кои им се овозможува на младите, но и на повозрасни лица да го решат станбеното прашање, проекти за земјоделците и за поддршка на развојот на руралните зони, за вложувања во здравството, за гасификација, а кои се дел од програмата „Реално“.
Посочи дека со проектот „Купи куќа за млади до 35 години“ им се овозможува на младите кои немаат свој дом да го купат или изградат на начин што ќе му биде помогнато од страна на државата со враќање на кредит на рати. Со проектот, пак, „Купи куќа за над 36 години“ исто така се овозможува и на овие лица државата да им помогне да дојдат до сопствен дом преку партиципирање во враќањето на ратите од кредитот.
Проектот „Од град во село за нов почеток“, пак, додаде, е за лица коишто сакаат да се вратат на село и да започнат земјоделски бизнис. Се предвидува за купување или реконструкција на куќа да им се помогне со 6.000 евра. – Ќе им се даде земјиште за да може да одгледуваат нешто на него или пасиште ако сакаат да се занимаваат со добиток, ќе може да ги користат привилегиите за „капка по капка“ или за високоприносен добиток, и ќе добијат во првите 18 месеци по 15.000 денари помош од државата за да можат да ги поминат првите години додека дојдат првите заработки, првиот род за да може да живеат на село, да започнат еден нов почеток, вели Груевски.
Во наредните четири години, рече, во државата ќе се инвестира многу и во здравството. Ќе се набават 3.700 најсовремени медицински апарати во вредност од 32 милиони евра со што сите болници и здравствени домови ќе бидат дополнително опремени со нова опрема во здравството.
За жителите на Долни Дисан посочи дека од значење е проектот „Рурални развојни зони“ со кој се опфаќаат најголем дел од селата во Македонија и од помалите градови под 10.000 жители.
– Секој еден од Македонија или од странство што во наредните пет години ќе започне некој проект – изградба на фабрика, погон, откупно дистрибутивен центар ќе има специјални привилегии. Имено, 10 години ќе биде 100 отсто ослободен од плаќање персонален данок и данок на добивка и 50 отсто од плаќање придонеси за здравство и пензиско. Ќе добие и 10 отсто грант од државата за неговата инвестиција и по 2.000 евра за секое ново отворено работно место за дотогаш невработен и пријавен најмалку шест месеци во Агенција за вработување, истакна Груевски.
Со овој проект, нагласи, ќе им се помогне на помалите населени места, на селата, за во нив да се отворат нови капацитети, да се вработат луѓе и да живне повеќе македонското село.
Во делот на инфраструктурата од проектите кои се важни за овој регион, Груевски посочи дека се планира комплетно реновирање на автопатот Неготино-Демир Капија, инвестиција од пет милиони евра, реконструкција на регионалниот пат Неготино- Кавадарци, инвестиција вредна еден милион евра. Во Неготино Здравствениот дом ќе добие најсовремена медицинска опрема во вредност од 140 илјади евра, ќе се изгради нова детска градинка и Центар за деца со пречки во развојот, мал групен дом за згрижување на децата без родители и родителска грижа, како и изградба на две кошаркарски игралишта.
Неготино ќе добие, рече Груевски, и природен гас преку гасовод цевковод Штип-Неготино кој веќе се гради, а откако ќе биде изграден ќе започне градба на секундарната гасификација со јавно приватно партнерство за да може гасот да стигне во секој дом, во секое индустриско место и до оранжериите.
Дигитален рентген апарат за мамографија и останата најсовремена медицинска опрема во вредност од над 140 илјади евра за Здравствениот дом во Неготино, комплетна рехабилитација на автопатска делница Неготино – Демир Капија во вредност од околу 5 милиони евра, реконструкција на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, инвестиција вредна 1 милион евра и изградба на две кошаркарски игралишта во општина Неготино.Ова се дел од проектите што ги најави Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на Коалицијата „За подобра Македонија“ на денешната средба со жителите на неготинското село Тимјаник.– Ќе го опфатиме Тимјаник со проектот „Рурални развојни зони“, со кој се предвидуваат даночни и други ослободувања, како и финансиска помош за лица кои сакаат да отворат бизнис во руралните подрачја. Ќе реализираме и голем број проекти од значење за овој регион што ќе донесе бенефиции и за Тимјаник, рече Груевски.Еден од најкрупните проекти за овој регион, нагласи е Агро пазар Македонија, замислен како интегрирана зона помеѓу Неготино и Демир Капија во која ќе бидат застапени складишни центри, трговци и пакирни компании, и други од синџирот на набавка на свежи и преработени земјоделски производи, кои ќе се дистрибуираат во земјата и странство.– Со концентрација на производителите и откупувачите ќе се достигнат конкурентни и реални пазарни цени, можноста за рушења на цените се сведува на минимум, а тоа е важно за производителите да го добијат заслужениот износ на надокнадата, рече Груевски.Потсетувајќи на поволностите што ќе се нудат на македонските земјоделци во наредните четири години, Груевски рече дека се планира со Системот за наводнување „Градот – Смаилица“, во општините Неготино и Кавадарци да се опфатат нови 500 хектари земјоделска површина. Се планира, додаде, изградба на најголемиот дел од националниот гасоводен прстен, на голем дел од дистрибутивната мрежа, како и поврзување со соседите со нови водови, изградба на преку седумдесет канализациски и водоводни системи во сите општини во вкупна вредност од 59 милиони евра, проект за греење на пелети, каде ќе се дадат субвенции за пелети и купување на печка за пелети, а ќе се овозможи и субвенција од 300 евра за вградување на плински уред за автомобилите што се произведени до почеток на 2006 година.– Во новата програма предвидуваме до крајот на 2020 година да ја намалиме стапката на невработеност на ниво под 18 отсто, и да се креираат околу 70.000 нови работни места. Токму компанијата Lubrinaft од Република Полска донесе одлука да инвестира во Македонија во производство на хидраулични масла и други масла за подмачкување во Неготино. Оваа инвестиција ќе достигне до 10 милиони евра и ќе отвори нови 100 работни места и тоа наредната година, со планови за натамошно проширување, потенцира Груевски.– Вчера компанија од Полска ми потврди дека донеле одлука да инвестираат во Македонија за производство на хидраулични масла и други масла за