Во општина Могила се предвидува во наредните 4 години да се обезбеди вода од хидросистемот Стрежево за 7 населени места од пелагониско- за Могила, за Кукуречани, за Крклино, за Трн, за Карамани, за Логоварди и Боешево. Ќе извршиме проширување на хидросистемот Стрежево кое во општините Могила и Новаци ќе овозможи наводнување на нови 3 илјади хектари земјоделско земјиште.Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во четвртата изборна единица Никола Груевски, при вчерашната посета на општините Могила и Новаци.
-Ќе ја опфатиме општина Новаци со проектот наречен рурални развојни зони. Ова за Новаци ќе значи дека секое населено место, секое село, центарот на општината Новаци, во наредните 5 години, секој еден независно дали е од Македонија или од странство што ќе сака да изгради нов погон, нова фабрика, ќе биде ослободен за период од 10 години од плаќање на данок на добивка, од плаќање на персонален данок на доход, 100 отсто и од двете ослободувања. Понатаму, ќе биде 50 % ослободен од плаќање на придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Исто така ќе добие финансиска поддршка, гранд за отворање на нови работни места, по 2.000 евра од секое работно место, а ако вработи стечаец- 4.000 евра.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во четвртата изборна единица Никола Груевски, при вчерашната посета на општини