Груевски најави: Реконструкција на патот Ново Село-Струмица и нови проекти за Струмичко

Два милиона евра за реконструкција на патот од Ново Село до Струмица, реконструкција на браната „Турија“ и изградба на каналска мрежа, реконструкција на повеќе локални патни правци во општина Ново Село, изградба на водовод во Сушица, отворање нова детска градинка, реконструирање на училиштата „Христо Татарчев“ и Мануш Струмевски“, како и изградба на спортско игралиште и реконструкција на покривот на спортската сала во Ново Село во наредниот мандат вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната средба со жителите на општина Ново Село.– Ќе ја реконструираме браната „Турија“ и ќе направиме згуснување на постоечката каналска мрежа со што ќе овозможиме поголема достапност за наводнување и користење на техничка вода за земјоделците на површина од 1000 хектари, ќе ги реконструираме и патиштата Струмица – Ново Село во вредност од два милиона евра, Старо Коњарево – Ново Коњарево, Ново Село – Барбарово, целосна реконструкција на патниот правец од Колешино до локалитетот Колешински водопади, Зубово – клучка Ново Село – Мокриево. Ќе изградиме водовод во Сушица, рече Груевски.
Најави дека во наредните четири години се планира по 20 милиони евра за развој на македонското село преку инвестиции во локална инфраструктура, нови 600 милиони евра субвенции, бесплатни земјоделски советници кои ќе ги советуваат земјоделците за најновите светски придобивки и за зголемување на приносите и отворање агроберза преку која земјоделците ќе можат на едно место да ги носат своите производи кои заинтересираните ќе можат да ги купуваат и преку интернет.
– Во наредните четири години секоја година ќе се одвојуваат по 20 милиони евра за руралниот развој, односно за градење патчиња, водоводи, плоштади во населените места. Тоа го почнавме пред неколку години. Видовме дека има добар одѕив и ги заживува помалите места, така што ќе продолжиме и во иднина да одвојуваме по минимум 20 милиони евра за таа намена, рече Груевски.
Во наредните четири години, како што нагласи, предвидени се и 600 милиони евра како директна поддршка за субвенциите, односно по 150 милиони евра секоја година.
– Во минатото пред да дојдеме ние на власт скоро да немаше субвенции или ги имаше минимално пред избори или изнудени со најразлични штрајкови, побуни, селански буни. Македонскиот земјоделец беше оставен на работ на егзистенцијата сам да се бори да преживее и беше заборавен. Елитите на СДСМ го потценуваа и не го есапеа за жив. Со нас, пак, кога дојдовме на власт се мајтапеа дека сме биле земјоделска влада кога видоа колку повеќе пари ставивме за земјоделците во првиот буџет што го правевме во 2007 година, нагласи Груевски.
Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласи, земјоделецот е почитуван и добива поддршка, редовни субвенции, му се помага при пожари, суши.
– Во новата Програма е предвидено покрај останатите поволности што ги добиваат земјоделците со 80 проценти да се субвенционира секој земјоделец што ќе воведе нов систем „капка по капка“, како и секој сточар кој ќе го замени нископриносниот со високоприносен добиток. Покрај тоа, на земјоделците бесплатно ќе им се нудат професионални земјоделски советници. Тие ќе работат по принципот на матичните работи и ќе се плаќаат од државата по капитација, односно по глава – колку земјоделци има, толку пари и ќе добива, рече Груевски.
Прецизира дека земјоделски советници ќе можат да бидат дипломирани земјоделски инженери или економисти кои ќе треба да добијат лиценца за што ќе треба да посетуваат курсеви и на крајот ќе полагаат тест. Тие ќе имаат задача да ги следат најновите научни достигнувања во делот на земјоделството и да ги пренесат на земјоделците на терен, ќе имаат обврска најмалку трипати годишно да ги посети земјоделците на нива, да дојде на нива на секој повик од земјоделецот да види како се одвива работата и да му даде совет.
– На тој начин земјоделците ќе добијат нов сојузник кој ќе мора три до четири пати годишно да слуша предавања од најнапредни професори во светот во областа на земјоделството што ќе ги носи владата за да ги слушнат најновите научни истражувања. Тоа ќе треба да го пренесат на терен на јазик кој е најсоодветен за земјоделецот за да му помогне да добие подобар род, да спречи штети и да му даде совет што да сади во наредната година, за што има недостаток на пазарот, каква сорта повеќе бараат потрошувачите, рече Груевски.
Нагласи дека првите земјоделски советници ќе им бидат на располагање на земјоделците веќе следната година, а во наредните години нивниот број ќе се зголемува.
– Земјоделските советници ќе имаат добра заработка, но од нив ќе се бараат и многу добар и висок резултат. Значаен ќе биде и проектот „Агропазар Македонија“ каде на едно место во централна Македонија ќе се формира комплекс којшто ќе биде агроземјоделска берза каде ќе има силна концентрација на понудата и побарувачката на свежи земјоделски производи и каде ќе се собираат сите откупувачи не само од земјава, туку и од странство, а ќе може да се откупува и по интернет, рече Груевски.
На тој начин, како што кажа, ќе им се помогне на земјоделците да не бидат уценувани од откупувачите кога ќе се договорат за некоја цена.– Ќе ја реконструираме браната „Турија“ и ќе направиме згуснување на постоечката каналска мрежа со што ќе овозможиме поголема дос

Пронајдете не на следниве мрежи: