За прв пат ќе воведеме субвенции за весниците. Со обзир на тоа што употребата на весници расте, порталите се повеќе добиваат на тежина и значење, весниците се потешко преживуваат. По теркот на Германија, Франција или други држави, каде што државата ги субвенционира весниците. Владата од 2018-та година ќе воведе субвенционирање на весниците, истакна лидерот Никола Груевски на големиот сенароден митинг на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.-За прв пат ќе воведеме субвенции за весниците. Со обзир на тоа што употребата на весници расте, порталите се повеќе добиваат на тежина и значење, весниците се потешко преживуваат. По теркот на Германија, Франција или други држави, каде што државата ги субвенционира весниците. Владата од 2018-та година ќе воведе субвенционирање на весниците. Ќе обезбедиме зголемени плати за универзитетските професори и асистенти кои ќе објават научни трудови во списанија со импакт фактор, како и бесплатен пристап до базите на томсон ројтерс, скопус, и ебско, рече Груевски.
Затворен пливачки Базен ќе добијат Аеродром но и Битола и Струмица. Ќе изградиме, рече Груевски и голем повеќенаменски спортски комплекс во Битола, составен од голема спортска сала со 6 илјади седишта, мала сала со 500 седишта, затворен пливачки базен со трибини, како и мултифункционален објект на две нивоа кој ќе содржи гимнастичка сала со 300 седишта, и дел наменет за боречки спортови.
-Освен тоа ќе се реализира и ветената зголемена поддршка од државата за олимписките спортски федерации и македонскиот олимписки комитет. Со проектот, државата дава целосна поддршка на спортските федерации чии диспциплини се олимписки, како и зголемена поддршка на Македонскиот олимпискиот комитет. Ќе се овоможи и ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финансираат спортски клубови, спортисти, спортски федерации. Ќе се отпочне со буџетско финансирање на спортови кои немаат своја организирана лига, рече Груевски.
Ќе се обезбеди ангажман на врвни тренери од странство во спортските академии во Република Македонија. Со проектот се планира да се донесат докажани успешни тренери од странство во спортските академии, да помогнат во градењето на новите фудбалери, кошаркари, ракометари, тенисери итн.
-И на крај….најмногу од се, ќе работиме, ќе настојуваме во секој град во секое населено место да донесеме инвестиции во компании кои отвораат нови работни места, рече Груевски на масовниот митинг пред Собранието на Република Македонија.-За прв пат ќе воведеме субвенции за весниците. Со обзир на тоа што употребата на весници расте, порталите се повеќе добиваат на тежина и значење,