Во мај или најдоцна во јуни се очекува да почне изградбата на гасоводната мрежа од Штип до Неготино и од Скопје до Тетово. Двете гасоводни мрежи ќе бидат во должина од 110 километри и за нив ќе бидат инвестирани 46 милиони евра.Тендерот за гасоводната мрежа од Штип до Неготино, како што информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, е веќе завршен и во тек е процесот на евалуација на понудите, а тендерот од Скопје до Тетово е во тек и треба да заврши на 10 март.
На тендерот за изградба на гасоводната мрежа од Штип до Неготино понуди доставиле седум компании, од кои, како што посочи Груевски, четири компании имаат потполна документација.
– Мислам дека работите добро ќе се одвиваат затоа што се поставени на вистински основи. Ова е т.н. втора фаза. Следува натамошна фаза со која ќе се продолжи од Тетово до Гостивар и Кичево и од Неготино до Прилеп, Битола, Охрид. Се планира кон сите поголеми градови да се продолжи изградбата на гасоводната мрежа, изјави Груевски при денешната посета на Кратово.
Тој додаде дека при крај е и изградбата на гасоводната мрежа од Клечовце до Штип која се очекува да заврши најдоцна до јуни.Тендерот за гасоводната мрежа од Штип до Неготино, како што информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, е веќе завршен и во тек е процесот н