Овие избори ќе бидат поразлични и по една друга работа, јас ќе бидам во 4-тата изборна единица. Едноставно, дојде време Заев откако не се кандидираше на листите во 2014-та, и откако како кандидат за премиер не дојде да се кандидира во ИЕ 1 во главниот град на државата, јас да отидам во ИЕ која тој ја избра, рече Груевски.-После се што се случи, потребно е да му се даде можност на народот да одлучи за премиер меѓу мене и него, и на целата територија во Македонија, но и во 4-тата ИЕ. Каде лично и двајцата како индивидуи ќе ја побараме поддршката на граѓаните. Време е заедно со народот, да го соочам со реалноста и да го победам, поточно заедно со народот да го победиме и да претрпи директен пораз во изборна единица која тој ја избра и во градот каде е градоначалник, да види на свој терен, во својата околина што мисли народот за сите негови лаги кои ги искажа за мене, а не да ми пушта во изборната единица 1, луѓе кои ги мести да изгубат за да не му бидат конкуренција после изборите во трката за избор на претседател на СДСМ. Да види Заев дали му проаѓаат приказните и манипулациите кои ги конструираше за мене, и да види што за него мислат луѓето не само од цела Македонија, туку и од регионот во кој тој живее, рече Груевски.
Да видим нагласи Груевски, дека никој не му се плаши туку напротив, ако тој се уплаши и избега, како што беше ред да дојде ако е кандидат за премиер да се соочиме двајцата пред граѓаните во единицата, во главниот град, сега јас ќе одам онаму каде тој одбра дека за него е најдобро да бара поддршка. Така во 4-ката граѓаните освен што ќе избираат директно носители меѓу мене и него, како и во другите ИЕ ќе бираат директно и кандидати за Премиер.
-Нема да го оставам да земе воздух на терен, и овие избори заради неговиот пораз во 4-ката и во Струмица кој е извесно дека ќе се случи затоа што народот таму најдобро го познава, ќе биде пресуден за неговата политичка кариера. Заедно со мнозинството народ и особено со граѓаните од тој регион не само што ќе покажеме каков е одговорот на овој слободоумен народ кога некој сака на нечесен начин и со надворешна помош да дојде на власт, туку ќе испратиме порака и до многумина други, дека тоа што го наумиле, не може така да помине кај овој народ, кај овие луѓе, кај оваа генерација Македонци. Во единицата со оглед на нивниот слаб кандидат кој сопствениот народ се дрзна да го нарече стока и кој претрпе историски пораз од Ѓорѓи Иванов, очекуваме резултати исти и подобри од 2014-та, во двојката, тројката, петката и шестката слично како 2014-та ќе бидат силно поразени, и мора сите заедно да стигнеме до посакуваната бројка од 63 пратеници, затоа што веќе на секого му е јасно што сакаат да прават со оваа држава, и во кој правец ќе се движат нештата ако немаме 63 места во парламентот. Ова е времето. Сега му е мајката да биде поразен Заев и сета негова деструктивност и црни сценарија, рече Груевски.
Тие, потенцираше Груевски, ќе продолжат со две работи, “а ние со една“. Звучи многу едноставно.
-Јас мислам и дека е всушност сосема едноставно како што е едноставен и јасен изборот и одлуките кои треба да се донесат на овие избори. Тие се сега во очај и полни со омраза и гнев, од друга страна имаат обврски кон некои кои ги помагаат и ќе мора да исполнуваат работи кои ќе бидат побарани од нив. Во сиот очај и омраза, од една страна ќе се координираат со нивното СЈО за да прави спектакли мислејќи дека нешто ќе добијат од тоа, но се лажат, нашиот народ знае што е што, а од друга страна ќе се обидуваат да пакуваат афери и наводни скандали, преку разни методи фалсификати и слично, преку вториот дел од фабриката на Чауш, со нивното криминално разузнавачко подземје. Во исто време Заев ќе оди низ Македонија онака благо поднасмеан и ќе нуди невозможни работи, високи плати, тринаести плати, гасовод по теркот во Струмица и Куманово кој практично и не е гасовод, ќе враќале 15% ДДВ на граѓаните, или па оној проект без никакво објаснување дека семејствата ќе имале поголем буџет, работи кои никогаш не може да ги испорача, без да каже како ќе го направи тоа…знаете онака ќе си каже нешто и кој му поверува добро, кој не ќе проба со нешто друго да го прелаже, и тоа за него е наједноставниот пат, зашто за тој човек зборот нема вредност, и тој многу добро знае дека утре нема да мора да го исполнува зборот зашто е свесен дека ќе изгуби, но си вика да пробам вака да ќарам некој глас, се сеќавате на она со на Мирчо Свињарнико и едното евро за вицето, тоа е отприлика концептот на даден збор кај него, рече Груевски.
Народот ќе им го даде својот одговор на сите кои го потценуваа. Сега му е мајката Заев да биде поразен за се она што тој и го направи на Македонија, рече Груевски.
-Сакам да ве прашам едно важно прашање денес, без многу да кружиме, без да го симнуваме нивото на напади кон противникот, само ќе прашам употребувајќи ја изјавата на кандидатот за Премиер на СДСМ господинот Зоран Заев – Дали македонскиот народ е грдото лице на Македонија?! Дали ваков човек може да биде премиер, дали ваков човек заслужува да ја добие довербата на нашите граѓани?, рече Груевски.
Денес, рече Груевски, стоиме тука на презентацијата на кандидатите за пратеници, после оној ден во 2014-та година кога славевме победа со огромна разлика против опозицијата, после две години на тешка, сериозна криза, состојба на поделеност и конфликтност, состојба која не разори како држава, имаше за цел да ни го скрши духот.
-После безброј манипулации дека има 500 илјади фантоми за да излезе дека нема, после куп лаги и подметнувања против нас кои се потврдија за неточни, после протестите на 5-ти мај кога брутално ја напаѓаа и повредуваа полицијата, после настаните во Диво Насеље кога лажеа дека е убиено мало невино девојче, после запрени терористички акции на терористите во Диво Насеље, кои имаа за цел да нападнат и дигнат во воздух трговски центри и јавни објекти, а некој утредента се сликаше на истото место со двата прста и уште насмеан до уши, после напади и фарбање на цел главен град и се што се изгради изминатиов период, институции, споменици на македонски херои како да се срамат од нив, и повторно напади на полицајци со што ќе стигнат, со боја со молотови коктели, со шипки, потоа, после директни закани по живот за мене и моите најблиски, после пресретнатите долго подготвувани акции на цело со Чаушот кој нели прво не го познаваа и слично,…после хајка од страна на Специјално Јавно Обвинителство за кое на секого му е јасно дека одработува за некого и има исклучиво политичка цел, после низа лаги за тоа кој прислушувал и колку прислушувани материјали постојат, после прогласувањето на фантоми, прво половина милион, 200 илјади, 50 илјади, 20 илјади, после сериозни природни непогоди, поплави кои сакаа политички да ги злоупотребат, рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека секако тука неодминлив дел беа и констатациите на Заев дека паднале 93 литри во секунда дожд, значи замислете по еден поголем аквариум секоја секунда да паѓа врз глава, дека за изборите на 11-ти декември ќе сме се договарале до 31-ви декември оваа година, или она дека од изборна единица од 311 илјади гласа, морало да се проверат 526 илјади гласачи, или дека ќе ја зајакнувал културата со поетски читања, или па она дека химната која била интонирана на почетокот на првото заседание на АСНОМ се викала „Изгреј сонце на свободата“, а не Изгреј зора на Свободата…и слични изјави на лидерот на опозицијата кои исто така треба да се издржат, посебно.
-Но, шегата на страна, одговорот не е воопшто едноставен, не беше лесно. Лични навреди, тешки клевети, омаловажувања, цел платен арсенал политичко оружје и армија луѓе насочени кон мене и моја дисквалификација, оцрнување и понижување, брутални закани до мене и моето семејство, оркестрирани од една група на луѓе, а потпомогнати од секакви туѓи структури кои имаат свој интерес во целата оваа ситуација… Кога ќе се сетам наназад низ што се поминавме заедно со вас, како некогаш неизвесноста ни стоеше над глава, како ги слушавме оние деструктивци од опозицијата како се силат наоколу до секој граѓанин без разлика дали е наш подржувач или не, се закануваат, со гнев и омраза поттикнуваат напади по улици, кршења, палења, сквернавења на објекти, нарачуваа лични линчови, навистина човек да се запраша како издржавме до тука… И кога ќе се обидам да најдам еден збор што ќе ја опише нашата цврстина, нашата волја, убеденост, поттик, мотив да истраеме овој период, тој збор е сепак тука пред нас И секој го знае… тој збор се вика – НАРОД!, изјави Груевски.
Додека тие манипулираа наоколу со своите сценарија и платени протестирачи, професионални протестанти, кои земаат дебели хонорари да го прават тоа што го прават, и тоа во нашиот случај најчесто странски пари, нагласи груевски, “ние се потпиравме на волјата и поддршката на мнозинството од народот, кој морам да кажам честопати беше доведуван во недоумица, во дилеми и сомнежи, изложен на страшната пропаганда и напади кои ги трпевме.“
Сакаа да не направат монструми. Но народот го виде тоа. Го препозна. Против Заев и на неговите ментори во Македонија се случи нешто слично како во изборите во САД, ако погледнете има многу сличности во сето ова што и таму се случува.. Против Заев се случи движење на тивкото мнозинство…тоа се луѓе кои останаа да не поддржуваат и покрај цела црна кампања против нас, кои не подлегнаа на провокациите да има крв како што замислиле тие, ако се сеќавате добро што им беше планот, туку молчеа, трпеливо и мудро согледуваа И не наседнуваа… Против Заев се случи НАРОД! Тој народ на овие избори ќе донесе огромна победа за нашата коалиција, И ќе покаже дека тој народ е газда во оваа држава. Ако порано било потешко, во Илинденско или Партизанско време, овој пат тоа ќе се направи со пенкалото на изборниот ден. Народот ќе им го даде својот одговор на сите кои го потценуваа.
Сега му е мајката да биде поразен Заев и се она што тој и го направи на Македонија, рече во своето обраќање на Конвенцијата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.-После се што се случи, потребно е да му се даде можност на народот да одлучи за премиер меѓу мене и него, и на целата територија во Македонија, но