Остануваат уште 8-9 дена до крајот на оваа кмпања во која народот како никогаш до сега масовно ќе излезе и ќе направи историска победа за Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Ова го истакна Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ4, на вечерашниот митинг во Демир Хисар.
-Има многу причини за такво нешто. Прво поради она што го имаме сработено, нашиот минат труд, остварени ветувања, но и новата програма „Реално“ со над 500 страници во која има многу нови работи кои ќе се исполнат во наредните 4 години. Секако тука се и последните политички турбуленции и големата политичка криза која ни ја создаде СДСМ и затоа СДСМ ќе биде казент, а ВМРО-ДПМНЕ ќе добие огромна поддршка, затоа што се бори за државата и за сите граѓани, затоа што не го делиме народот.
За прв пат во Македонија, додаде Груевски, се виде како може да се намалува невработеноста, како растат пензиите, како се поддржува земјоделецот, како се држи до дадениот збор, но и како да се борите за државните интереси.
-СДСМ се откажаа од приказната за нивните членови дека ќе победеле, и веќе не ги подлажуваат со тоа дека ќе победат, туку со тоа дека ќе изгубат ама малку, со 7-8 пратеници и дека ќе се создаде широка коалиција во која би влегле и тие- тоа е приказната што им ја пласираат за да ги охрабрат членовите бидејќи се во почетна фаза на депресија, подвлече Груевски и им порача:
Разликата нема да е мала, ќе биде огромна, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со така голема разлика што ќе им биде срам да помислат, а камо ли да бараат широка коалиција. Овој народ гледа што и се случува на Македонија, дека од многу страни и се имаат навртено на Македонија како кучиња пред касапница и дека само тој народ и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата може да ја решат ситуацијата само со масовна поддршка со 63 пратеници.
Потенцираше дека граѓаните слушнале уште една приказна од СДСМ за фантомски гласачи.
-И Државната изборна комисија во која СДСМ има доминација потврди дека нем афантомски гласачи. СДСМ ја лажеа цела меѓународна заедница и сите граѓани дека во Македонија имало фантомски гласачи. Главана теза на Заев му беше дека гласале некои што не постојат. Две ипол години Заев лажеше дека имало фантомски гласачи. Тие си го лажеа сопствениот народ. Затоа на 11 декември народот ќе ги казни СДСМ за сите лаги. Затоа на овие избори поразот ќе им биде уште поголем од што би им бил, рече Груевски пред граѓаните на Демир Хисар.Ова го истакна Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ4, на вечерашниот митинг во Демир Хисар.
-Има мно