Груевски: Народот на 15- ти октомври ќе го тргне помрачувањето кое СДСМ го донесе кога насилно дојде на власт

Loading...

На граѓаните им стана јасно кој е донесен на власт, зошто е донесен и што може да се очекува од него. Ние тоа го знаевме веднаш, но имаше луѓе кои тоа не го знаеа. Имаше луѓе кои подлегнаа на лагите и манипулациите и имаа поинакви очекувања. Ние четири месеци помрачување што и се случи на Македонија, не оставивме да поминат така вотагување, жалење. Ние гледајќи дека со сила донесената власт нема долго да опстане затоа што таа не е народна власт, народот не ја донесе и не ја поддржува, ние веднаш почнавме да работиме за новата ера која доаѓа по заминувањето на оваа власт која вештачки се налепи и донесе и изработува нешто што го ветила.Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во општина Гостивар.
-Тие се уште веруваат дека без народ може да се владее. Затоа сега на 15-октомври ќе им се покаже дека народот е тој што дава власт во оваа земја и дека народот е тој што одлучува кој ќе ја води државата и на централно и на локално нив. Подготвивме документ, нова ера за наредните 10 години откако ова помрачување ќе почне да заминува, а ќе почне да заминува на локалните избори на кои народот ќе го даде своето мислење за градоначалници и советници. Ама ќе го даде своето мислење и за помрачувањето, за рушењето на економијата, за незаконското работење и насилничко работење на таканаречената влада која мисли дека против волјата на народот вечно ќе владее, за одењето против волјата на народот, порача Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ говореше за штетниот договор кој СДСМ го направи со Бугарија, најавата за менување на учебници, начинот на кој СДСМ сака да го реши проблемот со името со Грција и како тие сакаат да ги смениме учебниците.
-Најголемиот дел од граѓаните на Македонија не се согласуваат други држави да ни ги пишуваат учебниците по историја. Ова е дел од помрачувањето кое надвисна над Македонија и само народот може да го тргне. Ова нема да трае долго, каде и да се тргнало против народот, кратко траело. Гледајќи што планираат со носење на 150.000 мигранти, како носат неуставни закони, како својата неспособност и неработење сакаат да го прикријат преку притисок на медиумите и судиите, со притисок на администрацијата и странските инвеститори да не доаѓаат за газдите во Владата да можат да користат евтина работна сила, гледајќи каков притисок сакаат да направат преку хајките и политичките прогони на нас што принудно не однесоа во опозиција, со тоа само го креваат дополнително револт кај граѓаните за на 15-ти октомври да покаже дека не се согласува со тоа и да започне тргањето на замрачувањето во Македонија, порача Груевски.
Тој пред гостиварчани рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата работат за во Македонија да е отвораат нови работни места, дека ќе јакне здравството и образованието, ќе се зацврстува државата.
Во документот Нова Ера, рече Груевски се осврнале на работи кои најмногу ги засегаат сите македонски граѓани, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци….
Оваа коалиција, порача Груевски покажа како се бранат државни и национални интереси, како се прави силна економија и како се отвораат нови работни места. Истата коалиција сега направи стратегија за новата декада со отворање на најмалку 150.000 работни места.
-Отворивме 173.000 работни места. Кога дојдовме во владата наследивме 560.000 вработени, а заминавме од владата со 732.000 вработени во Македонија.  Ние имаме кредибилитет да ветиме најмалку 150.000 нови работни места. Наследивме невработеност околу 40 проценти, оставивме 22 % имаме кредибилитет да ветиме дека до крајот на наредната деката под водство на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Македонија ќе има под 10% невраотеност, порача Груевски.Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во општина Гостивар.
-Тие се уште веруваат дека без народ мо

loading...