Нашата програма е готова и таа е најобемната програма досега. Содржи бројни конкретни проекти и многу позитивни изненадувања за граѓаните, за бизнис заедницата, посебно за малите и средни бизниси, за синдикатите, за земјоделците, за здравствените работници, за студентите, пензионерите, работниците, невработените, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на масовниот народен собир во СЦ „Борис Трајковски“.-Нашата програма содржи мерки, со конкретни буџети, чекори и реформи кои ќе им донесат на нашите граѓани многу нови и позитивни работи, кои ќе им го променат секојдневнието, олеснат животот, ќе им отворат нови можности и перспективи. Во оваа криза имаше и некои други работи кои испливаа на површина: Имаше многу луѓе кои велеа дека СДСМ долго не добил шанса да биде во власта и да видиме што ќе направи и како ќе се однесува. Од тој аспект видовме што двајцата министри, тројцата заменици , директорот на информативната програма на МТВ направија и како се однесуваа. Бараа 6 месеци, со одлагањата и другите играрии добија 9 месеци власт. СДСМ доби шанса да види народот како работат и што ќе направат кога би ја имале долгорочно власта. Дали некој во оваа држава виде некој корисен проект за народот од овие луѓе? Дали некој виде поспособни кадри од оние кои ние ги нудиме, или напротив три класи послаби и целосно безидејни? Видовме луѓе кои со месеци беа фокусирани на тоа кој во каква кола ќе се вози, кој повеќе роднини ќе вработи, кој со колку повеќе партиски кадри ќе го наполни неговиот кабинет, кои се далеку од професионални и стручни. Видовме едни алчни за власт и моќ луѓе и гарнитура, една безидејни екипа која го гледа исклучиво својот личен и партиски интерес, еден куп деструктивци и манипулатори, лажовци, луѓе кои денес зборуваат едно, утре сосема друго, вели лидерот на владејачката партија.
Груевски потенцира дека граѓаните го видоа лицето на СДСМ 10 години по нивниот пораз во 2006-тата и по нивното отстранување од власта од страна на народот.
-Тогаш ги казнија и ги отстранија затоа што беа такви. Сите што мислеа дека тие можеби се промениле, дека извлекле поука од поразите и народните казни, на дело, корпус деликте, се уверија дека оваа партија која се нуди како алтернатива за водење на Македонија, не само што не напредувала, туку и дополнително уназадила. И знаете што? Најпоразително беше кога ја донесоа одлуката за нивни предлог за тоа кој да биде шеф на информативната програма на МРТВ. Ја превртеа државата во овие десет години со тезата дека немало слобода на медиумите, дека медиумите ги контролирала и диригира нашата партија, дека партиски известувале новинарите и што ли уште не. Сите можни НВО од светот за медиуми ги активираа и преплавија со писма и со кодошење се со цел да се најде земјата во колку е можно полоша меѓународна позиција во делот на медиумската слобода. Лажеа, конструираа, местеа, клеветеа со сите сили и морам да признаам дека во голема мера успееја да ја оцрнат земјата на тој план. За тоа ги бива, особено со парите од надвор користени преку формата на НВО, посочи Груевски.
Прашањето за слобода на медиумите стана едно од клучните во забелешките на ЕУ кон Македонија.
-И ете, дојде време тие да добијат власт во медиумската сфера и тоа на две позиции. На првата онаа во МТВ, јас знаев што ќе направат, бидејки си ги знам луѓето од СДСМ, ама речиси сите неопределени, непартиски луѓе, не толку упатени, очекуваа дека ќе видат непартиска личност на чело на информативната програма на МТВ, некоја независна и професионална личност, промена. И оддеднаш излегува Заев со објава дека на тоа место ќе дојде поранешниот најблизок соработник и шеф на кабинет на потпретседателот на СДСМ во тоа време и министер во МНР, Илинка Митрева. Треба ли да потсетувам за срамните интервјуа со претходно дадените прашања и по шест пати враќање да се сними личноста која треба да му помогне на СДСМ, со тоа што за нас ќе се обиде да создаде перцепција дека сме биле криминалци и незаконски сме работеле. Толку од независното новинарство на СДСМ и толку од слободата на медиумите како што тие ја разбираат. Па потоа сите платенички новинари на СДСМ потрчаа оваа мизерија да ја оправдуваат и вадат од кал. Браво, си го покажаа лицето, порача Груевски.
Втората позиција беше ад хок телото за медиуми.
-Тука без губење време им дозволивме мнозинство бидејки ем знаевме дека без тоа нема да излезат на избори, ем знаевме дека уште еднаш ќе си го покажат вистинското лице, а не лажните опозициски маски и јалови ветувања. И што имаме од тогаш? Секои 10 дена партиското адхок мнозинство на СДСМ ги казнува телевизиите кои не ги ставиле во нивна партиска функција, односно кои не им се сервилни и не ги фали нив, а ги фали партиските телевизии кои цело време кажуваат само добро за СДСМ и само негативно за ВМРО-ДПМНЕ. Во Америка секој медиум има право јавно да подржи партија или политичар, тука казнија телевизија оти во една дебата, новинарот во еден момент малку поостро го прашал нешто преставникот на СДСМ, а фалат друг медиум каде секоја вечер оди дебатна емисија во која не се знае кој повеќе го плука ВМРО, гостите или новинарите водители. Ако некогаш говоревме за проектот и аферата „фабрика“ на СДСМ во сферата на медиумите, денес тие и нивните подржувачи можат слободно да го наречат денешниот нивни медиумски проект „меѓународна индустриска зона“. Сакам да им порачам: ви благодарам што си го покажавте правото лице пред народот, да знае овој народ а и самите новинари, што ги чека во сверата на медиумите ако во декември гласаат за СДСМ. Бидејки има многу наивни луѓе кои можеби ќе поверуваа на нивните лажни и слатко речиви ветувања. Се покажаа и какви ќе бидат во правосудниот систем. И за таму многу критикуваа, партизирана биле обвинителите, судиите и слично, порача тој.
-Нашата програма содржи мерки, со конкретни буџети, чекори и реформи кои ќе им донесат на нашите граѓани многу нови и позитивни работи, кои ќе им го променат секојдневнието, олеснат животот, ќе им отворат нови можности и перспективи. Во оваа криза имаше и некои други работи кои испливаа на површина: Имаше многу луѓе кои велеа дека СДСМ долго не добил шанса да биде во власта и да видиме што ќе направи и како ќе се однесува. Од тој аспект видовме што двајцата министри, тројцата заменици , директорот на информативната програма на МТВ направија и како се однесуваа. Бараа 6 месеци, со одлагањата и другите играрии добија 9 месеци власт. СДСМ доби шанса да види народот како работат и што ќе направат кога би ја имале долгорочно власта. Дали некој во оваа држава виде некој корисен проект за народот од овие луѓе? Дали некој виде поспособни кадри од оние кои ние ги нудиме, или напротив три класи послаби и целосно безидејни? Видовме луѓе кои со месеци беа фокусирани на тоа кој во каква кола ќе се вози, кој повеќе роднини ќе вработи, кој со колку повеќе партиски кадри ќе го наполни неговиот кабинет, кои се далеку од професионални и стручни. Видовме едни алчни за власт и моќ луѓе и гарнитура, една безидејни екипа која го гледа исклучиво својот личен и партиски интерес, еден куп деструктивци и манипулатори, лажовци, луѓе кои денес зборуваат едно, утре сосема друго, вели лидерот на владејачката партија.
Груевски потенцира дека граѓаните го видоа лицето на СДСМ 10 години по нивниот пораз во 2006-тата и по нивното отстранување од власта од страна на народот.
-Тогаш ги казнија и ги отстранија затоа што беа такви. Сите што мислеа дека тие можеби се промениле, дека извлекле поука од поразите и народните казни, на дело, корпус деликте, се уверија дека оваа партија која се нуди како алтернатива за водење на Македонија, не само што не напредувала, туку и дополнително уназадила. И знаете што? Најпоразително беше кога ја донесоа одлуката за нивни предлог за тоа кој да биде шеф на информативната програма на МРТВ. Ја превртеа државата во овие десет години со тезата дека немало слобода на медиумите, дека медиумите ги контролирала и диригира нашата партија, дека партиски известувале новинарите и што ли уште не. Сите можни НВО од светот за медиуми ги активираа и преплавија со писма и со кодошење се со цел да се најде земјата во колку е можно полоша меѓународна позиција во делот на медиумската слобода. Лажеа, конструираа, местеа, клеветеа со сите сили и морам да признаам дека во голема мера успееја да ја оцрнат земјата на тој план. За тоа ги бива, особено со парите од надвор користени преку формата на НВО, посочи Груевски.
Прашањето за слобода на медиумите стана едно од клучните во забелешките на ЕУ кон Македонија.
-И ете, дојде време тие да добијат власт во медиумската сфера и тоа на две позиции. На првата онаа во МТВ, јас знаев што ќе направат, бидејки си ги знам луѓето од СДСМ, ама речиси сите неопределени, непартиски луѓе, не толку упатени, очекуваа дека ќе видат непартиска личност на чело на информативната програма на МТВ, некоја независна и професионална личност, промена. И оддеднаш излегува Заев со објава дека на тоа место ќе дојде поранешниот најблизок соработник и шеф на кабинет на потпретседателот на СДСМ во тоа време и министер во МНР, Илинка Митрева. Треба ли да потсетувам за срамните интервјуа со претходно дадените прашања и по шест пати враќање да се сними личноста која треба да му помогне на СДСМ, со тоа што за нас ќе се обиде да создаде перцепција дека сме биле криминалци и незаконски сме работеле. Толку од независното новинарство на СДСМ и толку од слободата на медиумите како што тие ја разбираат. Па потоа сите платенички новинари на СДСМ потрчаа оваа мизерија да ја оправдуваат и вадат од кал. Браво, си го покажаа лицето, порача Груевски.
Втората позиција беше ад хок телото за медиуми.
-Тука без губење време им дозволивме мнозинство бидејки ем знаевме дека без тоа нема да излезат на избори, ем знаевме дека уште еднаш ќе си го покажат вистинското лице, а не лажните опозициски маски и јалови ветувања. И што имаме од тогаш? Секои 10 дена партиското адхок мнозинство на СДСМ ги казнува телевизиите кои не ги ставиле во нивна партиска функција, односно кои не им се сервилни и не ги фали нив, а ги фали партиските телевизии кои цело време кажуваат само добро за СДСМ и само негативно за ВМРО-ДПМНЕ. Во Америка секој медиум има право јавно да подржи партија или политичар, тука казнија телевизија оти во една дебата, новинарот во еден момент малку поостро го прашал нешто преставникот на СДСМ, а фалат друг медиум каде секоја вечер оди дебатна емисија во која не се знае кој повеќе го плука ВМРО, гостите или новинарите водители. Ако некогаш говоревме за проектот и аферата „фабрика“ на СДСМ во сферата на медиумите, денес тие и нивните подржувачи можат слободно да го наречат денешниот нивни медиумски проект „меѓународна индустриска зона“. Сакам да им порачам: ви благодарам што си го покажавте правото лице пред народот, да знае овој народ а и самите новинари, што ги чека во сверата на медиумите ако во декември гласаат за СДСМ. Бидејки има многу наивни луѓе кои можеби ќе поверуваа на нивните лажни и слатко речиви ветувања. Се покажаа и какви ќе бидат во правосудниот систем. И за таму многу критикуваа, партизирана биле обвинителите, судиите и слично, порача тој.-Нашата програма содржи мерки, со конкретни буџети, чекори и реформи кои ќе им донесат на нашите граѓани многу нови и позитивни работи, кои ќе им г