Нашиот приоритет останува развојот на економијата и отворањето на работни места. Тоа се резултатите на нашата работа и тоа е разликата меѓу нас и останатите. Продолжуваме понатаму да придонесуваме за граѓаните и градењето на стабилна и сигурна иднина.Стартувањето со работа на КСС преставува значајна поддршка на Кичево и Кичевчани како и луѓето од околните населени места и општини кои сега ќе најдат сигурна егзистенција. Инвестицијата е вредна околу 15 милиони долари и ќе се отворат 1 000 нови работни места. Тоа се 1000 вработувања за Кичево и кичевчани, тоа ќе значи сигурна плата и нови можности за вработените. Република Македонија добива фабрика каде ќе се произведуваат со врвен квалитет воздушни перничиња, како и други компоненти од безбедносната заштита од сферата на автомобилската индустрија применувани во познати светски брендови Jaguar, Bmw, Audi, Toyota, Porsche, Volkswagen, Suzuki, Fiat, Skoda и други. Процесот на преговори и иницијалниот контакт со КСС започна во есента 2007 година, за во 2014 година да биде донесена и објавена одлуката за инвестирање. Макотрпен процес во кој одлучувачки беа одличните услови за правење на бизнис, ниските даноци и ангажманот на владата. Ова покажува дека визијата, истрајноста, вложениот труд и упорноста се исплати, а тие резултати се видливи, напиша Груевски.
Втората инвестиција е камен темелникот на турската компанија Атајмач во општината Илинден која инвестира во откупно дистрибутивен центар за земјоделски раноградинарски производи.
– За таа намена инвеститорот откупи од општината земјиште со површина од 87 илјади м2, во индустриската зона Илинден, при што низ повеќегодишен план ќе бидат инвестирани 10 милиони евра, а во првата фаза ќе има до 100 вработени. Освен отворањето на нови работни места, оваа инвестиција е значајна и за македонското земјоделие во насока на обезбедување на стабилен откуп и дистрибуција на земјоделските производи. Со менаџментот на компанијата Mach груп имав можност да се сретнам во септември 2014-та година за време на бизнис форумот во Анкара. Оттогаш до сега тие контакти, но и вложениот труд на градоначалникот на Илинден Жика Стојановски вроди со конкретни резултати, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Нашиот приоритет останува развојот на економијата и отворањето на работни места. Тоа се резултатите на нашата работа и тоа е разликата меѓу нас и останатите. Продолжуваме понатаму да придонесуваме за граѓаните и градењето на стабилна и сигурна иднина.
Стартувањето со работа на КСС преставува значајна поддршка на Кичево и Кичевчани како и луѓето од околните населени места и општини кои сега ќе нај