Груевски: Нашите проекти се поголеми од омразата на Заев

Нашите проекти и нашата доверба кај граѓаните е многу поголема од омразата која блика од Заев и од неговите први соработници и која станува основа на секој нивен потег.Додека ние промовиравме проекти и реформи, нови фабрики и нови работни места, некој упорно се обидува да промовира афери, манипулации и скандали. Додека ние се бориме за стабилност, привлекување инвестициии и нови вработувања, некој се обидува да конструира кризи и тензии и да ја влече нашата земја кон дното, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при промоцијата на новите 7 мега проекти за младите.
-Би рекол, кој за што се определил во своето делување. Но, деновиве сме сведоци на кулминација на таквата деструктивна политика на СДСМ, деновиве сме сведоци на уцени на закани, навреди и провокации. Се обидуваат да наметнат закони за цензура и да го опструираат единствениот излез од политичката криза која ја наметнаа, а тоа се изборите на 24-ти април, на кои што само народот одлучува. Тие знаат дека ако нема криза и ако нема конфликт, тогаш нема што да им понудат на граѓаните, затоа се плашат од излегувањето на земјата од кризата и затоа не сакаат да се соочат со граѓаните на 24-ти април.
Груевски рече дека жално е што тие мислат дека кризата на целата држава е излез од состојбата во која тие се наоѓаат. Од тие причини, рече Груевски, Зоран Заев очајнички бара помош, каква било. Од тие причини тој најавува обвиненија, најавува притвори и се надева дека тоа ќе влијаело на кампањата како што изјави пред неговите сопартијци во Капиштец
-Тоа што Зоран Заев не може да го разбере е дека ВМРО-ДПМНЕ е поголема од неговите закани и од неговите криминогени деструктивни планови. Нашите проекти и нашата доверба кај граѓаните е многу поглема од омразата која блика од Заев и од неговите први соработници и која станува основа на секој нивен потег.Со деструкција и со фабрикување на афери не може да се освои довербата на граѓаните. Граѓаните знаат кој работи во нивна корист и тоа ќе го потврдат по 10-ти пат, рече Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека без разлика на атмосферата која што се обидува да ја креира СДСМ и нивните медиуми, без разлика на аферите, измислиците и подметнувањата, правдата и вистината на крајот секогаш ќе победат.
-ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува правосудните органи да не подлегнуваат на никакви притисоци, да работат исклучиво согласно словото на законот и да не дозволат да бидат вовлечени во политичка кампања. Нашиот народ е мудар и гледа, гледа се. Добро знае зошто и кој повторно се обидува да не вовлече кон дното. Тоа нема да помине. Тоа едноставно нема да им помине. Нашата макотрпна работа, нашите проекти за граѓаните се нашиот најдобар одговор за тоа што работиме, но и се детерминантата за нашето делување. Ние знаеме дека народот е со нас и тоа ни дава дополнителна и неисцрпна сила да продолжиме напред со нови проекти, нови идеи, нови мерки, мерки за сите граѓани, затоа што Македонија мора и ќе оди напред и тука нема запирање, заклучи Груевски.Додека ние промовиравме проекти и реформи, нови фабрики и нови работни места, некој упорно се обидува да промовира афери, манипулации и скандали. Д

Пронајдете не на следниве мрежи: